
Петарда експлодирала во рака на дете, со тешки повреди е пренесено во болница: Хорор кај Осиек
Поради непрофесионално ракување со пиротехнички средства за време на новогодишната ноќ, тешко е повредено дете во месноста Валпово, кај Осиек, соопшти денеска Осиек-Барањската полиција.
Несреќата се случила во викенд-населба кај Ладимиревац, во неделата околу 23 часот, кога во раката на детето експлодирала петарда, при што е повредена раката, пренесува Хина, пренесува „Нова.рс“.
Детето итно било пренесено во Клиничката болница во Осиек, каде му биле констатирани тешки физички повреди.
