Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Перфектна Хрватска: „Коцкестите“ промашија само три шута и ја разнесоа Шпанија
Спорт

Перфектна Хрватска: „Коцкестите“ промашија само три шута и ја разнесоа Шпанија

12/01/2024

AA

Репрезентацијата на Хрватска одигра еден од најдобрите натпревари во историјата на европските првенства, не само свои, туку воопшто на сите учесници на овие манифестации.

„Коцкестите“ ја прегазија Шпанија со 39-29, но многу поинтересна од конечниот резултат е статистиката од овој меч која вели дека хрватските ракометари промашија само три шута (39/42) и имаа 93% ефикасност. Шпанските голмани имаа само една одбрана на мечот и тоа не класична, туку при обид на Тин Лучин да погоди од својата половина бидејќи претходно голот беше празен.

Тоа беше и единственото промашување на Хрватите во цело второ полувреме во кое буквално го мелеа противникот. Освен Лучин, промаши само уште Мартиновиќ кој беше еден од двајцата најефикасни на мечот со осум гола, а интересно е тоа што во листата на стрелците се запиша и голманот Матеј Мандиќ.

Покрај Мартиновиќ, осум гола постигна и Шоштариќ, а толку имаше во шпанската репрезентација и Гомез Абељо.

Во вториот натпревар од вечерашната програма на Европското првенство, Унгарија ја совлада Црна Гора со 26-24.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
Македонија

НАВРЕДАТА КОН ЕДНА Е НАВРЕДА ВРЗ СИТЕ ЖЕНИ Пешевска жестоко

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41353
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО ЈА КОНЗУМИРААТ“ Заев и Филипче

11/02/2026

Екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев и актуелниот лидер на партијата Венко Филипче не само што се инволвирани во трговијата со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy