Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пензионерите најавија протест пред Уставен суд во понеделник: Бараат линеарно зголемување на пензиите
Македонија

Пензионерите најавија протест пред Уставен суд во понеделник: Бараат линеарно зголемување на пензиите

29/11/2025

AA

Пензионерите кои се залагаат за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека на 1 декември, понеделник, ќе одржат протест пред Уставниот суд во Скопје. Целта, како што наведуваат, е да се изборнат за продолжување на линеарното усогласување на пензиите. На прес-конференцијата побараа масовна поддршка од пензионерите ширум државата.

Пензионерот Зоран Трајков изјави дека протестот ќе започне во 11 часот и дека се очекува присуство на пензионери од сите градови во Македонија. Неговиот колега од Свети Николе, Трајче Станојков, најави дека доколку протестот не даде резултати, демонстрациите ќе продолжат на 10 декември, бидејќи – како што рече – нема да се откажат од своите барања. Освен линеарно зголемување на пензиите, ќе бараат и К-15, повисока посмртнина и воведување пензионерска картичка.

Трајче Митев од Штип истакна дека бараат зголемување на посмртнината од сегашните 35.000 на 50.000 денари, како и создавање фронт за воведување на пензионерска картичка.

На денешниот собир присуствуваа пензионери од Штип, Свети Николе, Скопје и Куманово. Пензиионерката Вера Јовановска порача дека ќе продолжат да се борат против, како што рече, дискриминацијата и дека бараат линеарно зголемување кое ќе важи за сите.

Пензионерите веќе добија линеарно покачување од 5.000 денари, во септември на картичка им биле исплатени дополнителни 1.000 денари, а во март следната година е најавено ново усогласување во иста висина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОЛУН ЌЕ БИДЕ НАШ И ОВОЈ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Колони на

23/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ЛУЃЕ, ЕДНА КУЌА И ИДЕЈА ШТО ЈА НАДЖИВЕА ИМПЕРИЈАТА

23/10/2026
Македонија

23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Македонија го

23/10/2026
Македонија

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА ЧЕСТВУВАМЕ ДРЖАВНОСТА, А ДА ЈА ЗАБОРАВИМЕ

23/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46330
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОЛУН ЌЕ БИДЕ НАШ И ОВОЈ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Колони на Богородица, се чека до 40

23/10/2026

Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани кон Грција, а првиот знак за тоа се зголемените колони возила на граничниот

ШЕСТМИНА ЛУЃЕ, ЕДНА КУЌА И ИДЕЈА ШТО ЈА НАДЖИВЕА ИМПЕРИЈАТА Како започна македонската револуционерна борба

23/10/2026

Пред 133 години, во Солун, далеку од институциите на една сопствена држава и во време кога Османлиската Империја сè уште

23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Македонија го одбележува основањето на ВМРО

23/10/2026

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy