Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пентагон открива: Македонија потрошила речиси 120 милиони долари на американско оружје
Македонија

Пентагон открива: Македонија потрошила речиси 120 милиони долари на американско оружје

16/05/2023

AA

Во трите години откако стана членка на НАТО, Македонија потрошила речиси 120 милиони долари на американско оружје купено преку американската програма за воена продажба во странство, покажуваат податоците од Агенцијата за безбедносно – одбранбена соработка (ДСЦА) на Пентагон, објави Макфакс.

Програмата за странска воена продажба претставува еден од двата главни начини преку кои САД им продава оружје на други земји, а подразбира дека Вашингтон учествува како посредник меѓу производителот и купувачот додека во директната комерцијална продажба нема посредник.

Во извештајот „Историска продажба на оружје“ во рамки на програмата за воена продажба во странство што ДСЦА го објави за фискалната 2022 година, Македонија купила воена опрема во вредност од 13.490.993 долари.

Во 2021 година, Македонија потрошила рекордни 84.691.923 долари, во 2020 година таа сума изнесува 21,085,360 долари, додека во 2019 година на оружје и воена опрема се потрошени 11,012,940 долари.

Само за споредба, во тригодишниот период од 2016-2018 година, Македонија потрошила едвај два милиони долари (1.959.625 долари) на американско оружје и опрема.

Она што треба да се посочи се „измешаните“ податоци за 2018 година во извештајот за 2022 година. Имено, во ланскиот извештај стои дека Македонија во 2018 година потрошила 4.497.550 долари, додека во извештаите за 2021 и за 2020 година се наведува сума од 924.549 долари.

Повнимателна проверка покажува дека се работи за грешка во извештајот за 2022 и дека сумата од 4.497.550 долари во 2018 година ја потрошила Либерија.

Слични „несовпаѓања“ во извештајот за 2022 се појавуваат и во податоците на другите земји од регионот. Така, во делот за Косово се наведува дека во 2018 година, земјата купила американско оружје во вредност од шокантни речиси 3,5 милијарди долари.

Споредбата со истиот извештај за фискалните 2021 и 2020 година покажува дека станува збор за грешка, бидејќи тие даваат идентична бројка од 3.498.907.386 долари – но за Јапонија, додека за Косово има сума од нула долари за дадената година.

Податоците што се совпаѓаат во сите три извештаи се дека во 2019 година, Приштина потрошила 2.707.541 долари, проследено со драстичен скок во 2020 година на 11.115.838 долари и уште подрастичнен скок во 2021 година до 22.425.205 долари, додека во 2022 биле потрошени 16.0918 долари.

Дека ДСЦА направила збрка во бројките за 2018 година во извештајот за 2022 година покажуваат и делот за Албанија, Хрватска, Црна Гора – кои се членки на НАТО – како и за БиХ и за Србија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy