Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пенов најави реконструкција на Кардиолошката клиника во Охрид и на Институтот за дијализа во Струга
Македонија

Пенов најави реконструкција на Кардиолошката клиника во Охрид и на Институтот за дијализа во Струга

31/01/2023

AA

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов за 2023 година најавува проекти од поголемо регионално значење и поинаков приод во нивната реализација.

Како што рече денеска на годишната владина конференција „Година на нови можности”, ќе се реконструираат Кардиолошката клиника во Охрид, Институтот за дијализа во Струга и Институтот за белодробни заболувања во Отешево.

Во Ѓорче Петров ќе изградиме дом за деца со тешки заболувања, во Кавадарци ќе го решаваме проблемот со кучињата скитници преку регионален центар, а во Радовиш, Конче и Босилово ќе се поставуваат фотоволтаици на крововите на јавните институции. Ќе ставиме акцент на опремување на општините со комунална опрема на повиско ниво и ќе се обидеме да го решиме проблемот со амбулантни возила, особено во помалите места, истакна Пенов.

Осврнувајќи се на сработеното во 2022 година, министерот напомена дека секоја општина реализираше по најмалку еден проект.

Во 2022 година, иако кризна, се зголемуваа средствата за рамномерен регионален развој. Основна оценка е дека сите средства беа целосно реализирани. Особено сме задоволни што сите општини реализираа по најмалку еден проект или вкупно во 2022 година се реализираа 215 проекти. Притоа, најмногу е инвестирано во комунална инфраструктура, посочи Пенов.

Тој го нагласи обновувањето на возниот парк на противпожарните служби, посебно, како што рече, во североисточниот, источниот, југоисточниот и вардарскиот регион, каде речиси секоја општина добила по барем едно противпожарно возило.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Акциска контрола во Кочани и Виница: 59 казни, тројца приведени

28/07/2026
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44702
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Акциска контрола во Кочани и Виница: 59 казни, тројца приведени и одземени три мотоцикли

28/07/2026

Вкупно 59 прекршоци, три приведени лица и три одземени мотоцикли е билансот од акциската контрола што полицијата ја спроведе на

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy