ПЕНДАРОВСКИ ПРИЗНА ДЕКА ОБЈЕКТОТ ВО ВЛАЕ ГО ГРАДИ ЕРОЛД МУСЛИУ Кој ја финансира милионската инвестиција?
Стево Пендаровски, со својот Фејсбук статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени. Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција? Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, се додава во соопштението, во 2024 година Афродита Муслиу добила грант од 620.000 евра од тогашната влада на СДСМ која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу.
„Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае? Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата? Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу? Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси, додава партијата.
„Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност. Додека Венко Филипче зборува за некакава организирана криминална група, токму врхушката на СДСМ и лица блиски до СДСМ меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи. Доста е со привилегии и молк“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
.
Извор: plusinfo.mk