Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Негласањето на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е во суштина антиевропско однесување
Македонија

Пендаровски: Негласањето на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е во суштина антиевропско однесување

11/12/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 оцени дека негласањето на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е во суштина антиевропско однесување.

„Последниве година и пол, од за мене сосема неразбирливи причини, од тесно-партиски интереси, главната опозициска партија започна да се однесува на антиевропски начин“, рече претседателот Пендаровски.

Запрашан за влијанието на пораките од американските претставници од Стејт Департментот насочени кон противењето на опозицијата за уставните измени, претседателот Пендаровски рече дека тие не влијаат врз ВМРО ДПМНЕ затоа што мислат дека на таков начин добиваат рејтинг.

„Изминатава година, година и пол, од усвојувањето на францускиот предлог во нашето Собрание, ВМРО тера строго партиска агенда и има само една мисла во главата – да дојде на власт па после ќе му ја мислиме за другата работа – промени на Устав, европски интеграции итн. Гледате дека на фонот на тој комплекс на прашања и проблеми, пред сѐ за нас, нивните првенци често спомнуваат дека во Европа доаѓаат десничари на власт, па доаѓаат европски избори по кои европскиот парламент ќе изгледа драстично поинаку, Европа наводно го губи интересот за интеграција на регионот…, а обратното е точно во последнава година од овие причини кои ги спомнавме. Така што тие веќе подготвуваат терен и по евентуалната изборна победа да не се бават многу со европските интеграции.

Претседателот Пендаровски изјави дека излезот од блокадата на европските интеграции го гледа во ситуација кога би имале проевропска коалиција на власт и после изборите, бидејќи е јасно дека до избори таква промена на Устав е невозможна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44971
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy