
Пендаровски може, но нема преземено обврска да преговара со Грција за замената на документите!
Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат дека претседателот нема преземено обврска да преговара со Грција за замената на личните документи.
„Како што и претходно информиравме претседателот Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието.
Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла“, велат од Кабинетот на Пендаровски.
