
Пендаровски и Комисијата за помилување дале негативен одговор на барањето на Јанева
Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат Пендаровски го одби барањето за помилување на Катица Јанева, поранешен специјален обвинител.
„Со оглед на интересот на медиумите, ве информираме дека претседателот Стево Пендаровски го одби барањето за помилување на Катица Јанева, поранешен специјален обвинител.
Исто така и Комисијата за помилување, којашто е помошно работно тело во Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева“, велат од таму

