Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Функционерите мора да работат и да градат, без да крадат, корупцијата најголем проблем за граѓаните
Македонија

Пендаровски: Функционерите мора да работат и да градат, без да крадат, корупцијата најголем проблем за граѓаните

06/12/2023

AA

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на Отворениот форум за антикорупција истакна дека функционерите мора да работат и да градат, без да крадат.

Тој додава дека корупцијата е најголем проблем за граѓаните.

„Четврто, подигнување на културата на антикорупција. Тоа подразбира, меѓу останатото, расчистување со едно популарно, но, погрешно верување, сумирано во изјавата „овие крадат, ама барем нешто работат или градат“. Почитувани, избраните и именуваните функционери мора да работат и да градат, без да крадат. Воедно, мора да разбереме дека малата сума не ја прави корупцијата помалку сериозна. Независно дали станува збор за 500 или 500.000 денари, корупцијата е корупција и не смее да се толерира“, порача Пендаровски.

Тој додаде дека многумина на форумот се долгогодишни и посветени борци против корупцијата.

„Во таа борба вие имате два клучни сојузника, се разбира, освен властите кои мораат да ја предводат таа битка. Првиот е Европската Унија. Истражувањето на СЕЛДИ покажува дека колку е поблиска евроинтеграцијата, толку е поуспешна антикорупцијата. Европските интеграции сигурно можат да ни помогнат да изградиме функционална правна држава со независен и ефикасен судски систем. Преговорите помагаат корупцијата да стане далеку повеќе општествено неприфатлива, а културата на неказнивост, во значаен дел да биде заменета со култура на одговорност и интегритет. Најбрз и најсигурен начин за темелни европски реформи без бирократски опструкции и партиски и бизнис-махинации се преговорите за членство во Унијата. Вториот сојузник се младите кои во секое општество се клучни за каква било општествена трансформација. Според анкетите, огромно мнозинство од младите не толерираат коруптивни практики, но, за нивниот критичен глас да доведе до општествени промени, тие треба да бидат и критична маса во општеството. И јасно е дека ако нивните барања не бидат слушнати и имплементирани, младите или ќе си заминат или со текот на времето ќе се адаптираат на постојниот систем“, порача Пендаровски..

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy