Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Ако се поништи Преспанскиот договор ние излегуваме од НАТО
Македонија

Пендаровски: Ако се поништи Преспанскиот договор ние излегуваме од НАТО

11/04/2024

AA

Ако се поништи Преспанскиот договор ние излегуваме од НАТО. Просто кажано ќе не исклучат од Организацијата. Ако таа госпоѓа (Силјановска Давкова) мисли дека самостојно можеме да ја обезбедиме нашата безбедност, на сите граѓани, на границите, на државата подобро тоа треба да го каже.Тоа е опасен авантуризам. Значи, 30 години сите политички гарнитури не случајно се обидуваа да влеземе во НАТО за да добиеме тапија за нашата безбедност за век и веков.

Ова го нагласи кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски вечерва во Гевгелија, во одговор на прашање на граѓанка за негов коментар за поништување на Преспанскиот договор.

– Поништувањето на Преспа, ако навистина го мисли тоа, е најголема политичка глупост и трагедија во исто време, затоа што ќе останеме потполно сами, истакна Пендаровски.

Во одговор на друго прашање од граѓанин дека претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил шокиран од говорот на Пендаровски во Делчево, тој рече дека со едно кликање на интернет може да се слушне што кажал во Делчево. Таму, како што рече, кажал дека нема потреба да доѓа во вториот круг бидејќи ќе победи во првиот, а тоа лидерот на ВМРО ДПМНЕ го извртува и, како што кажа „тој не е воопшто глуп тоа да го разбере“.

-Тој има една друга мана-лаже.Тоа јас не го тврдам. Пред четири години во извештај на Европскиот Парламент, е констатиртано со име и презиме дека Христијан Мицкоски е извор на дезинформации и на лажни вести. ЕП во Стразбур тоа го тврди. Тој разбира за што станува збор, но има некоја внатрешна потреба да лаже, рече Пендаровски.

Говорејќи пред граѓаните во Гевгелија, претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата истакна дека актуелната владеачка гарнитура со сите мани и грешки е десет пати подобра од тоа што го нудела опозицијата или го нудат сега.

-Тие нудат само рециклажа на режимот. Зошто? Затоа што тие се сите децата на Груевски. Генералниот секретар на Груевски сега е претседател на ВМРО ДПМНЕ, вториот човек на Груевски сега е втор човек на Мицкоски, Антонијо Милошевски беше трет човек во времето на Груевски сега е трет човек кај Христијан Мицкоски. Ниту по име, ниту по презиме не се разликуваат, а не по поимањето на политиката и практикување на политиката, посочи Пендаровски.

Претходно, тој се обрати на средби со граѓаните во Дојран, Богданци и Валандово каде подвлече дека немал причини да го бојкотира вториот зашто ќе победел на изборите и со тоа одговори на обвинувањата од Мицкоски дека ќе го бојкотирал вториот круг.

На средбите граѓаните побараа коментар и за обвинувањата на опозицијата дека не работел транспаретно и ги затворил народните канцеларии. На ова Пендаровски возврати дека неговиот кабинет во секое време е отворен за посета и дека до ден денес во центарот на Скопје, како младинска канцеларија, функционира канцеларијата на претседателот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy