
Пелистер безмилосно го прегази Голден Арт
Пелистер го контролираше натпреварот од самиот почеток и по 15 минути игра избега на 10-5, по што до полувреме водството се зголеми на 21-7.
Голден Арт не успеа да внесе неизвесност во вторите 30 минути, па така Пелистер запиша победа од високи 39-16.
Најефикасен кај Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со осум голови, додека Дејан Гошевски постигна седум погодоци за Голден Арт.
