
ПЕКОЛ ЖЕШКО: Температурите во Македонија ќе скокнат до 40 степени
УХМР најавува за утре „пеколни“ температури низ Македонија. Во одредени градови ќе биде и 40 степени. Скопје и Штип исто така ќе имаат високи температури, до 39 степени. Владата вчера донесе препораки бремените жени и старите лица да не одат на работа, и да работат од дома оние кои имаат можност.

