Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЦРВЕНИ ЗНАМЕНЦА“: Ова се знаци дека треба да си дадете отказ и да барате нова работа
Економија

„ЦРВЕНИ ЗНАМЕНЦА“: Ова се знаци дека треба да си дадете отказ и да барате нова работа

19/06/2024

AA

Ниска плата, лоши
услови за работа, чести конфликти во работната средина. Анкетиравме неколку
граѓани и тие велат дека токму ова се причините поради кои давале отказ и
барале нова работа.

Сите имаат различен праг на толеранција. Некому му е поважна висината на платата, а
некому на прво место му е како се однесуваат колегите и претпоставените.

„Јас овде во Македонија немам работено, но би си заминала од работа поради ниска
плата“, рече Николина Тодоровска, млада девојка која работела во странство.

Вработените велат дека има многу фактори поради кои би го промениле
работното место.

„На прво место е платата, а на второто колегите. Веќе  го нема почитувањето меѓу луѓето кое го имало
во минатото“, додава друга повозрасна жена.

За да си обезбедат егзистенција, многу работници со години работат во
токсична работна средина.

„Од мое искуство, онесувањето на колегите е лошо било да е тоа за смени или
за нешто друго. Тоа би било причина за напуштање на работното место“, рече
Зорица Крстевска, вработена во приватен сектор.

Славица Тасева, сертифициран кариерен советник
вели дека ако работникот решил да си
замине од компанијата, многу тешко ќе го промени мислењето.

„Работата е интегрален дел од животот и е тесно
поврзана со она што нè мотивира. Доколку вработените не се соодветно мотивирани
да работат во одредена компанија или организација тие бараат начини како да
ја напуштат и да се вработат  на друго место. Ако работата не го исполнува
вработениот и не ги задоволува неговите потреби, тоа се рефлектира да се изгуби
страста и за други области во животот. Од моето искуство како најчести причини
кои влијаат на задржувањето, вработените ги истакнуваат: употреба на вештини,
способности и интелектуални капацитети, вклученост во донесување на одлуки,
одговорност, унапредување и развој, доверба, почит, чувство на припадност, јасна,
отворена и конструктивна комуникација, водство и лидерство, работни услови и
поддржувачка работна средина, позитивни социјални интеракции на вработените.
Потоа, пофалба, признание, можност за раст и развој во кариерата, плата, надоместоци
и бенефиции, дисбаланс помеѓу работата и животот“, вели таа.

Причини
за напуштање на работното место според неа најчесто се немањето можности за
напредување во кариерата, ниска плата, ограничени надоместоци и бенефиции,
токсична работна средина, ограничени можности за учење и развој, недостиг на
препознавање и ценење, неисполнета работа или работна улога и лоша рамнотежа
помеѓу работата и животот.

„Битен
елемент  на кој треба да се внимава уште при избор на вработен и
вработување од страна на компаниите и потенцијалните вработени е усогласеност
со вредностите или мисијата на компанијата. Доколку вработениот дели различен
вредносен систем со она што и е најбитно на компанијата, неминовно ќе дојде до
разидување. Мораме да имаме предвид дека во текот на животот ни се менуваат
интересите и приоритетите, што може да доведе и до промена на професијата, што
од  своја страна може да значи и промена на работата“, додава Тасева.

На глобално ниво, скоро 50 отсто од луѓето планираат да ги напуштат
своите работни места во 2024 година, покажуваат најновите истражувања на
Linkedin и Microsoft. Анкетата што ја спровеле опфатила 31 илјада луѓе во 31 држава во светот. Резултатите покажаа дека во 2024
година, околу 46 отсто од вработените сакаат да ги напуштат своите работни
места и да дадат отказ. За споредба, тој процент во 2021 година изнесувал околу 40 проценти. Според
истражувањата, трите причини за откажување се: „прегорување“ на работа, недостиг на професионална обука и вештачка
интелигенција. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/nikahgeh

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да се

23/08/2026

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење Попова

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица, двајца повредени

23/08/2026

Двајца мажи се повредени откако утрово околу 5:45 часот било пукано кон автомобил на улицата „18“ во Арачиново, Скопје. Настанот

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р’жана(2334мнв). Врвот Р’жана е најјужниот врв во рамки на НП

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy