Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕКАРИТЕ ЌЕ ЗАТВОРАТ АКО СЕ ЗАМРЗНАТ ЦЕНИТЕ – од мелнично пекарската индустрија најавија ригорозни чекори
Економија

ПЕКАРИТЕ ЌЕ ЗАТВОРАТ АКО СЕ ЗАМРЗНАТ ЦЕНИТЕ – од мелнично пекарската индустрија најавија ригорозни чекори

27/02/2023

AA

Пекарите најавија
затворање на погоните и прекин на производството на леб првиот ден по објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник.

Ова го соопшти Горан
Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при
Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките на групацијата
на која како што беше потенцирано едногласно била донесена одлуката за
престанок со работа.  

– 
По
најавата на министерот за укинување на субвенционирањето на цената на
електричната енергија, како и најавата за замрзнување на цените на лебот беше
одржана средба на членките на комората. Заклучивме дека субвенционираната цена
на електричната енеригја има позитивни ефекти и има намалување на цените на
лебот, дури и повеќе од учеството на субвенционираната струја. На пазарот веќе имаме
прооизводи со постоечки цени од 33 до 35 денари, зависно која категорија. Веќе има
леб по тие цени. Пекарската индустрија денеска на состонокот на кој беа
присутни 32 ииндустриски пекари од цела земја, плус од мали градови, сите се
согласија дека не се сложуваат со мерката за замрзнување, која ќе ги однесе до
работа со загуби. Од сите, едногласно, беше донесена одлука, дента кога ќе излезе
одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник, другиот
ден пекарската индустрија ќе престане да произведува леб – посочи Малишиќ.

Тој објаснуваше
дека секоја компанија има свои пресметки, свои влезни трошоци во производството
на леб, и посочи дека никој не ги тера граѓаните да купуваат лебови кои се
поскапи и дека тие имаат избор да купуваат леб согласно можностите.

– 
Цените
на пазарот веќе се намалени, и тоа повеќе од субвенциите. Во формирањето на
цените не влегува само струјата, туку и цените на брашното, работната рака,
нафтата, опрема за пакување… Со оваа одлука се прави штета на бизнисот, не се
гледа целата слика туку само одредени цени. Не сме против за мерката, ако
владата ја донесе мерката, од наредниот ден нема да се носи леб на пазарот. Има
модел како владата да направи социјална цена за лебот, за да се задоволат
потребите на населението треба да се фатите за џеб – потенцира Малишиќ.

Тој појасни дека
две години биле општествено одговорни компании, и дека ако сега работат по
замрзнати цени, ќе одат во загуба. Потесети дека изминатиов период имаше бројни
одлуки кои резултирале со загуби во дејноста, но додаде дека се спремни за преговори.

– 
Ако
не затвориме одма, по ваква одлука секако ќе затвориме по некое време – додава Малишиќ.

Пекарите
појаснуваа дека во вкупна цена на леб најголем трошок кој опфаќа од 40-45 се
трошоци за брашно, потоа околу 35 проценти се трошоци за работна рака, а
останати за други трошоци како пакување, нафта, други енергенсиии… Посочуваат
дека поради одливот на кадар има голем недостиг од кадар, поради што и платите
во секторот нагло растат. Според нив, просечна плата кај пекарите е 600 евра,
но има такви кои се платени и по илајда евра месечно. 

П.О.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy