Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈПДП стокми 150 милиони евра за „Бехтел и Енка“ и „казнени“ 10 милиони за автопатот Кичево – Охрид
Економија

ЈПДП стокми 150 милиони евра за „Бехтел и Енка“ и „казнени“ 10 милиони за автопатот Кичево – Охрид

31/01/2025

AA

Јавното претпријатие „Државни патишта“ во програмата за работење за 2025 испланира вкупно 150 милиони евра за „Бехтел и Енка“, изведувачот на автопатските делници од Коридор 8 и Коридор 10Д.

Од овие средства, 130 милиони евра се веќе предвидени во државниот буџет за оваа година за американско-турскиот конзорциум, а јавното претпријатие има уште околу 20 милиони евра непотрошени од претходните години кои дополнително ќе се префрлат за операторот, пишува во програмата.

Од кинеската „Ексим банка“ за автопатот Кичево – Охрид за оваа година е планирано кредитирањето да продолжи со 75 милиони евра, а тие пари ќе одат за кинескиот изведувач „Синохидро“.

Покрај тоа што ќе се вратат вкупно 55 милиони евра за основни рати и камати од странските кредити за финансирањето на изградбата на сите автопатските делници и магистралните патишта, предвидено е преку Министерството за финансии да се вратат уште дополнителни 10 милиони евра, покрај редовните, од репрограмираниот долг кој во меѓувреме ни го наметна кинеското задолжување за автопатот Кичево – Охрид.

За експропријација на земјиште програмирани се 10 милиони евра, а за проектирање и надзор пишува дека се предвидени 12,5 милиони евра севкупно.

За автопатската делница, Кичево – Букојчани, која е дел од Коридор 8 но надвор од проектот со „Бехтел и Енка“, се планирани околу 11 милиони евра, иако со години нема информација до каде е овој план. Последно што беше објавено од ЈПДП е дека имало распишан повик за изведувач и надзор.

Околу 16,35 милиони евра за предвидени и за автопатот Скопје – Блаце, но и тука со години нема никаков напредок и новата власт сака да ја промени делницата на градење.

Најновото ветување е дека на почетокот на летото ќе бидат пуштени првите километри од автопатот Кичево-Охрид. За клучните инфраструктурни проекти имаше законски измени со кои првпат се воведе можност за зимско асфалтирање и за забрзување на активностите за експропријација, но не изостана реториката за причините за застоите и одложувањата на тековните проекти за несоодветно планирање, закочени постапки за експропријација, репроектирања, енормно зголемени трошоци,….

„Бехтел и Енка“ трета година по ред нема започнато со трасирањето на автопатите, а за нив се подготвува ново законско олеснување со кое ќе можат да доведат повеќе странски работници.  Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, на почетокот на годината рече дека добрата координација помеѓу институциите го забрзува работењето со овој конзорциум..

„На почетокот на наредната година очекуваме да се заврши со изградбата на камповите на изведувачот и очекуваме значително да се зголемат активностите на терен. За 2025 година планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово–Гостивар во должина од 17 км, на Гостивар–Букојчани планирани се активности на приближно 17 км и на Прилеп–Битола планирани се активности на приближно 25 километри“, изјави претходно Трајановски.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy