Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ: Македонската јавност треба да знае како се манипулирало при пресметката на минималната потрошувачка кошничка
Економија

МИЦКОСКИ: Македонската јавност треба да знае како се манипулирало при пресметката на минималната потрошувачка кошничка

31/01/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има пропусти во методологијата како се пресметува кошничката. 

„Македонската јавност треба да знае како се манипулирало при пресметката на минималната потрошувачка кошничка, а ја пресметувале поранешни функционери од СДСМ“, кажа Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на екс министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска во Собранието.

Мицкоски истакна дека Владата има и покажала разбирање за граѓанските иницијативи за бојкот на маркетите, а потоа ја коментираше методологијата за пресметување на кошничката.

„Дали ја видовте методологијата како се пресметува минималната кошничка? Јас во мојот живот во јануари цреши и лубеници не сум јадел. Е, тоа е дел од методологијата, која е со цени од маркети кои во јавноста важат за ексклузивни маркети, наместо да се пресмета просечната цена. А, ја пресметуваат тројца експерти, Никола Поповски, Драган Тевдовски и Бранимир Јовановиќ. Појдов во неколку маркети без обезбедување и неколку производи од потрошувачката кошница ги споредив со цените. Само за храна и пијалаци цената е помала за 3.000 денари од предвидена цена, што ќе рече за 15 отсто помала. Просечната цена. Јас самиот сум го направил тоа“, истакна премиерот.

Тој рече дека ова со слики ќе го презентира во понеделник. Минималната кошничка за четири члена одамна е над 1.000 евра. 

Граѓаните утре ќе ги бојкотираат маркетите, револтирани поради високите цени. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
Македонија

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026
Македонија

Скопските пожарникари го запреа огнот кај Грачани, активни уште неколку

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и токсичниот сунѓер во кочанската дискотека

02/09/2026

Во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште, одбраната вкрстено

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче

02/09/2026

Општина Прилеп за првпат обезбедува еднократна парична помош од 3.000 денари за сите ученици запишани во прво одделение во основните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy