
ПАЗЕТЕ ШТО ПИЕТЕ: Ако вака пишува на шишето со сок, не го купувајте
Од една страна, флашираните сокови се полни со адитиви, од друга страна, содржината на вистински, природен цеден сок е прилично мала. Почнете да го читате составот на етикетата, бидејќи повеќето производители го наведуваат точниот состав на него.
Адитивите претставуваат опасност по здравјето, а нутриционистката Ајлин Бехан вели дека соковите, кои најчесто се рекламираат како природни, содржат и голем број калории, што ги прави подеднакво лоши, ако не и полоши од газираните пијалоци.
И не само тоа, овие сокови содржат и високо ниво на штетни конзерванси. Како што тврди Бехан, тие два збора покажуваат дека нивото на природниот сок е исклучително ниско. Имено, ако на шишето со сок пишува „овошен коктел“ или „пијат“, тоа е знак дека купувате нешто друго освен природен и здрав сок.
Нејзин совет е дека покрај калориите, мора да внимавате и на содржината на шеќер и натриум, кои не се поволни за здравјето и организмот. Исто така, секогаш избирајте сокови со поголема содржина на овошје, бидејќи нивната точна количина секогаш мора да биде наведена.
