Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Павле Гацов: Пад на наплата на ДДВ и покрај зголемената инфлација
Економија

Павле Гацов: Пад на наплата на ДДВ и покрај зголемената инфлација

02/04/2023

AA

Даночниот советник Павле Гацов објави дека во првите два месеци од 2023 има голем пад на наплатата на ДДВ, што алудира на гопемо намалување на потрошувачката кај граѓаните, и покрај тоа што периодот е засегнат со рекордна инфлација.
„ДДВ-то во „илегала“ за првите два месеци од 2023 година! Високиот раст не цените за првите два месеци од 2023 година не испорача висок раст на приходите од ДДВ во Буџетот на Македонија !!?? Напротив. Нето приходот од ДДВ за првите два месеци од 2023 година има пад од 6,3% споредено со истиот период претходната година. (Бруто приходот од ДДВ во 2023 година има скромен раст од 1%.)“, напиша Гацов на социјалните мрежи.
Експертот тврди дека реалниот пад на ДДВ е уште поголем ако се земе заедно со инфлацијата, а интересно е тоа што наплатата на другите даноци се зголемила.
„За илустрација, цените (инфлацијата) во истиот период имаат раст од 16,9%. Од овие две бројки (6,3 + 16,9) се добива реалниот пад на нето приходот од ДДВ за повеќе од 23% !!???? Даноците на доход (данок на личен доход и данок на добивка) имаат добра наплата за правите два месеци. Наплатата на овие два даноци ќе продолжи добро и во наредниот период (зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, исплата на дивиденди, ….). За данокот на добивка на ред се најиздашните месеци – март и април. Добар раст имаат и социјалните придонеси (18%), исто така темелен на растот на платите, од април натаму нивниот раст ќе биде уште подобар заради растот на платите“, анализира Гацов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди

02/10/2026
Македонија

ВИЕ Ѝ ПРИПАЃАТЕ НА ЕУ, ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ СО ВАШИОТ

02/10/2026
Македонија

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“

02/10/2026
Македонија

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45944
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале следната недела во Софија

02/10/2026

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврдија за МИА дека денеска е побарана средба меѓу министерот за надворешни

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е ОДНАПРЕД ДОНЕСЕНА Адвокатката на Јованов

02/10/2026

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на дскотеката „Пулс“, Дејан Јованов  Деко, реагираше на новата истрага за поткуп и повторното

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат разумен рок за враќање на

02/10/2026

Платформата 12.05 денеска во архивата на СДСМ ги достави предлозите за структурни промени во партијата. Платформата „Разговори за иднината во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy