
Патраклиски од ЕАМ: Бизнисот го започнавме со 7.000 марки во станот на баба ми
Александар Патраклиски во поткастот „Бизнис Муабети“ со Мишко Иванов вели дека неговата текстилна индустрија вработува 320 лица, од кои еден дел доаѓаат од фирма-подизведувач, каде што само се шие.
– Приходите денес годишно се повеќе од 6 милиони евра годишно. Имаме 320 вработени, од кои 180 се од нашата фирма, рече Патраклиски и додава дека бизнисот на времето бил започнат со само 7.000 марки во станот на неговата баба.
ЕАМ е уникатна текстилна индустрија по тоа што произведува квалитетни работни маички за работниците на големите технолошки гиганти како Тесла, Мерцедес, ИКЕА, Ербас и други.
Линк од целиот поткаст со сопственикот на ЕАМ.