
Патот Нова Брезница – Македонски Брод преку Јасен повторно отворен за сообраќај
На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, известуваат од АМСМ.
Патниот правец беше затворен поради пожарите кои се случуваа во овој регион.
Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмор, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.