Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Марковски ја објави кандидатурата за градоначалник на Скопје: Градот е во агонија, се гуши, тоне, се суши – на Скопје му е итно потребна помош!
Македонија

Марковски ја објави кандидатурата за градоначалник на Скопје: Градот е во агонија, се гуши, тоне, се суши – на Скопје му е итно потребна помош!

27/08/2025

AA

Професорот и декан на Градежниот факултет, Горан Марковски, денеска и официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на Град Скопје. Настапува како независен кандидат поддржан од платформата Независни заедно.

Во своето обраќање, Марковски порача дека главниот град се наоѓа во „агонја“ и дека на Скопје му е потребна „итна и безусловна помош“.

„Нашето Скопје е запуштено, загадено, валкано и депресивно. Повеќе од кога и да е му треба јасна визија ослободена од корупција, култура наместо популизам и компетенција наместо импровизација. Скопје моли за шанса од оние што искрено го сакаат,“ изјави Марковски.

Тој нагласи дека својата битка со идеи и концепти за спас и развој на главниот град ја започнува симболично од Камениот мост, како симбол на поврзување, заедништво и истрајност.

Според него, независните кандидати и граѓанскиот активизам се клучни за вистинска демократија, а политичките партии не смеат да бидат единствениот фактор на одлучување. „Без независни личности нема здраво општество ниту силни институции,“ порача тој.

Биографија

Горан Марковски е универзитетски професор и актуелен декан на Градежниот факултет во Скопје. Зад себе има долгогодишна академска и професионална кариера со богат опус на реализирани проекти и дела.

Во својата професионална работа образувал повеќе од 40 генерации инженери, а неговата стручност и јавни настапи се препознаени по независност и доследност.

Марковски е активен во областа на градежништвото и инфраструктурата, со особен фокус на мостови и урбана мобилност – области што ги гледа како основа за развој на Скопје. Неговата визија, како што истакна, е градот да се движи кон модерни концепти: зелени агенди, дигитализација, паметни згради, современ сообраќај и нулта загаденост.

Поддршка од „Независни заедно“

Платформата Независни заедно прва ја поддржа неговата кандидатура, препознавајќи ја, како што велат, неговата „искреност, посветеност и стремеж за подобро Скопје“.

„Скопје и скопјани тоа го очекуваат, посакуваат и заслужуваат,“ порача Марковски во своето обраќање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45588
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со забрана и тројца пијани

09/09/2026

Полицијата во изминатото деноноќие санкционирала сериозни прекршоци во сообраќајот, при што 21 возач бил лишен од слобода поради сомнение за

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy