Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Партизан не постоеше 26 минути, а потоа ја растури Олимпија Милано
Спорт

Партизан не постоеше 26 минути, а потоа ја растури Олимпија Милано

08/12/2023

AA

АБА шампионот Партизан ја оствари третата победа во низа и четврта во последните пет натпревари од Евролигата откако вечерва на домашен терен славеше против Олимпија Милано со 82-69.

Конечниот исход е неверојатен ако се знае дека безмалку три четвртини италијанскиот тим го мелеше домаќинот и од сите страни го полнеше неговиот кош. Функционираше и шутот од далечина на Олимпија Милано и на четири минути пред крајот на третата четвртина, на семафорот стоеше 45-60.

И тогаш Партизан се разбуди. До крајот на четвртината направи 16-2 за да се доближи на само еден поен негатива (61-62), а со одличната игра продолжи и во последниот период во кој не само што го комплетира пресвртот, туку дојде и до убедлива победа. Сметајќи ги само последните 14 минути од натпреварот, Партизан направи неверојатни 37-9 за седма победа оваа сезона во Евролигата и позитивен биланс (7/6).

Кевин Пантер постигна 19 поени за победничкиот тим, Бруно Кабокло додаде 16, а Зек Ледеј 15. Долго време Шевон Шилдс ја носеше Олимпија Милано, постиггна 19 поени, но не можеше сам да донесе и победа.

Реал Мадрид со максимален ефект ја помина грчката турнеја бидејќи по триумфот против Олимпијакос, денеска го совлада и Панатинаикос со 90-78, нанесувајќи му го третиот пораз во низа. Анадолу Ефес славеше на гостувањето кај Алба со 97-89 за трет триумф во последните четири кола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без

31/07/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
Македонија

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки

31/07/2026
Македонија

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44772
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без нов инвестициски циклус

31/07/2026

Во обид да обезбеди сигурно снабдување со критични минерали, Шведска донесе одлука со која рударството добива статус на национален безбедносен

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026

Во следните седум дена Македонија ја очекува стабилно, сончево и многу топло време. Температурите постепено ќе растат од ден на

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки за безбедна храна

31/07/2026

Поради најавените екстремно високи температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, Агенцијата за храна и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy