
ПАРНОТО ОД УТРЕ ПОСКАПУВА ЗА 4,51 ОТСТО, А ОД ЕСМ БАРАЛЕ ДРАМАТИЧНИ 50 ПРОЦЕНТИ – Бислимовски со порака: Нека си го пуштат топловодот Беласица
Регулаторната
комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад
на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за
испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното
зголемување на цената од над 50 %, одобри 4,51%.
„Соовие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна,
а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска
енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот
Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската
енергија од ТЕТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на
потрошувачите поставува финансиска рамка
и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на
ЕСМ. Со работата на ТЕТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна
сметка за топлинска енергија изнесува 1 800 денари, без работа на ТЕТО 2 800
денари, што е разлика во цена од 60 %.“
изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Вкупно 64 000 домаќинства се
снабдуваат со топлинска енергија.