Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клисарова: Најсериозен проблем со кој се соочуваме на Клиниката за онкологија се ограничените ресурси, а бројот на пациенти се зголемува
Македонија

Клисарова: Најсериозен проблем со кој се соочуваме на Клиниката за онкологија се ограничените ресурси, а бројот на пациенти се зголемува

31/10/2023

AA

Имаме ограничен буџет – далеку помал од нашата реална потреба за набавка на терапија. Нашите реални потреби сме принудени да ги вклопиме во лимитирани финансиски рамки, рече д-р Виолета Клисарова, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија која денеска сведочи на седница на собраниската Анкетната комисија за истражување на работата на Клиниката.

Посочи дека постојано укажувала до Владата и Министерството за здравство за, како што рече, оваа агонија во која е доведена Клиниката. Работи 20 години на Онкологија, а за в.д. директор е назначена на 2 ноември минатата година.

Рече дека по многу години ги вовела редовните стручни состаноци, кои порано ги имало, па биле прекинати, формирала онколошки конзилиум уште првиот месец од именувањето, сакала да постигне, рече, рационалност во препишувањето лекови со висока цена, по строго определени критериуми според медицина базирана на докази и ги апдејтирала онколошките протоколи.

Истакна дека најсериозен проблем со кој се соочила во управувањето со ресурси е нивната ограниченост наспроти неограничениот број на пациенти кој секој ден се зголемува. Поради зголемениот квантитет, рече, доаѓаат во ситуација да го нарушат правото на пациентите за навремена здравствена грижа.

Смета дека е крајно време да профункционира дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања за што, рече, нивните молби кон други клинички болници со радиотерапија во земјава не вродиле со плод. Ги посочи Клиничката болница Битола кој има радиотераписки апарат што не работи, има кадар и опрема, а третира мал број пациенти. И клиничките болници во Штип и Тетово имаат специјалисти радиотерапевти онколози. За ГОБ „8 Септември“, рече, има радиотераписки апарат што Онкологија го нема и за таа услуга ги испраќа пациентите во странство.

-Дисперзијата мора да биде овозможена и поддржана од државата за клиники каде што се воспоставиле услови и кои имаат кадар и опрема. Мислам дека таму каде што има ресурси и кадар, треба да има институционален притисок врз овие институции, рече Клисарова.

Укажа дека е во пораст бројот на болни со малигни заболувања и често значаен дел се со метастатска фаза и тоа, рече, треба да биде аларм за државата да се фокусира на превенција на малигни болести.

Апелираше до истражните органи што поскоро да заврши постапката со утврдување на злоупотреба на Клиниката и ако се утврди вина, да се именуваат виновниците и да се отфрли колективна вина која, рече, е надвисната над Клиниката во која работат професионални и одговорни лица.

-Се создаде недоверба кон Клиниката, паника во јавноста и меѓу нашите пациенти. Не им е доволна маката со тежината на болеста, туку сега имаат и несигурност како ќе бидат третирани, рече директорката на Онкологија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy