Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall
Македонија

Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall

25/10/2025

AA

Денес се одржа улична парада по повод вториот роденден на Diamond Mall. Парадата, која е наменета за најмладите, ја предводеа 20 добро познати маскоти на популарни ликови од детските анимирани филмови.

Парадата под мотото „Да зборуваме и да покажеме дека ни е грижа“, стартуваше од градскиот плоштад, а заврши кај Diamond Mall, каде се одржа детската роденденска забава.

На забавата настапуваа познатите ликови Биби и Боби, а беше организиран и квиз, со богати награди и многу изненадувања. Се одржа и креативна работилница „Бојадисај куќичка за куче“ на која децата декорираа куќички за милениците кои ќе му бидат донирани на јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни „ЛАЈКА“ од Скопје.

Роденденските активности по повод вториот роденден на Diamond Mall почнаа на 20 октомври, кога беше отворена Зоната за донации, каде посетителите можат да остават храна и опрема за миленици, кои потоа ќе му бидат донирани на ЈП „Лајка“.

Oд 24 до 26 октомври се одржува и Саем за храна за миленици на кој учествуваат компании од оваа индустрија кои нудат совети за правилна грижа за животните. На специјалниот ветеринарен штанд посетителите имаат можност за консултации со ветеринари за нивните домашни миленици, а оние што сакаат да вдомат бездомно куче можат да ги видат и изложените фотографии од бездомните кучиња и да се сретнат со нив.

Утре е централната прослава на роденденот, односно хуманитарниот концерт, што ќе се случува во атриумот на Diamond Mall со почеток во 12 часот. На концертот ќе настапат популарните пејачи Тамара Тодевска, Лозано и Викторија Лоба, а специјален гостин ќе биде музичката легенда Драган Мијалковски.

Влезот за концертот е бесплатен, а единствен услов, во духот на целиот настан, ќе биде да се донесе минимум еден килограм храна за кучиња, која потоа ќе ѝ биде донирана на ЈП „Лајка“, кој е партнер на Diamond Mall во реализација на овој хуманитарен настан. Во 14.00 часот ќе бидат објавени добитниците од роденденската наградна игра, по што концертот продолжува.

Diamond Mall официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на Лајф-центар стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy