
Папата подари парчиња од автентичниот Христов крст за крунисувањето на кралот Чарлс III
Поворката за крунисување на кралот Чарлс III ќе ја предводи крст кој вклучува религиозни реликвии подарени од папата Франциско, објавија медиумите на ПА/ДПА.
За искачувањето на тронот на британскиот монарх, Светиот Отец обезбеди две парчиња од автентичниот крст на Христовото распнување.
Малите фрагменти се вградени во Велшкиот крст, кој ќе го видат милиони луѓе кога ќе биде донесен во Вестминстерската опатија во Лондон на 6 мај.
Двете честички имаат облик на крстови – едната е 1 cm, а другата 5 mm. Тие се поставени во поголемиот сребрен крст зад скапоцен камен од розови кристали и може да се видат само одблизу.
Крстот ќе биде осветен од архиепископот на Велс Ендрју Џон на богослужбата во црквата Света Троица во Северен Велс во среда, пред да се упати во Лондон.
По неговото враќање, ќе биде поделена меѓу Англиканската и Католичката црква во Велс.
Велшкиот крст е направен од рециклирани сребрени шипки обезбедени од Кралската ковачница, лоцирана во јужен Велс.