
ПАОК преживеа во Сплит, Зрињски го наполни голот на Бреидаблик
Хајдук беше подобар противник на теренот и создаде повеќе шанси, но од девет удари само три завршија во рамките на голот на гостите од Грција и ниту еден не беше доволно добар за да го совлада голманот Котарски.
Зрињски ја најави победата уште во првото полувреме, кое го доби со убедливи 5-0. Во листата на стрелци се запишаа по двапати Малекинушиќ и Киш, додека еден гол постигна Билбија. Шестиот гол падна во 56. минута преку Иванчиќ, а потоа гостите стрелаа преку Лудвиксон и Ејолфсон за конечни 2-6.
Во вториот меч кој се играше во истиот термин, Олимпијакос славеше против белгиски Генк со 1-0.
