Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРЖАТ ЛЕКЦИИ: Како се прави профит од над девет милиони евра за шест месеци – ЕВЕ КОМУ МУ УСПЕА
Економија

ДРЖАТ ЛЕКЦИИ: Како се прави профит од над девет милиони евра за шест месеци – ЕВЕ КОМУ МУ УСПЕА

11/08/2023

AA

Скопската Цементарница УСЈЕ продолжува да покажува дека е
компанија која знае да работи навистина профитабилно.

За само шест месеци од годинава остварила нето добивка од
9,2 милиони евра. Не само што сумата е прилично солидна, туку и зголемувањето
во однос на истиот период лани изнесува 39 проценти.

Компанијата која е во сопственост на странски акционер ги
објави шестмесечните финансиски извештаи за првото полугодие од годинава, кои
говорат за подобрување на финансиските резултати.

Да го разгледаме подетално Билансот на успех на
компанијата.

Ако ги погледнеме оперативните приходи, каде што всушност влегуваат приливите од основниот бизниос на компанијата, може
да се види дека тие од јануари заклучно со јуни годинава изнесувале 46,5
милиони евра. Одличен резултат, иако треба да се има предвид дека во однос на
истиот период лани приходите останале на речиси исто ниво, па дури и има сосема
минорно намалување од еден процент.

Слично ниво како и шестмесечниот период од претходната
година, односно само благо намалување од два отсто имаат приходите од
продажбата, кои се остварени со 98 отсто и кои го сочинуваат убедливо
најзначајниот дел од приходната страна, така што од нив се инкасирани 44,8
милиони евра.

Поголем дел од производниот асортиман на Цементарница
УСЈЕ се продал на домашниот пазар, од каде се наплатени 30,3 милиони евра. Она
што е за поздравување е дека приходите од продажба на домашниот пазар останале
сосема стабилни како и истиот период лани, и тие се реализирани со 100 проценти.

Солидно одела и продажбата во странство, од каде се
собрани 14,5 милиони евра, иако треба да се спомене дека таму процентот на
реализација изнесува 95 отсто.

Иако се многу помали по обен и по суми, пак, значајно зголемување
има кај приходите од залихите.

На расходната страна, пак, може да се види дека во УСЈЕ
успеале значително да ги намалат оперативните расходи во однос на првите шест месеци лани,
односно тие изнесувале 30,6 милиони евра, што значи дека намалувањето е за дури
12 проценти. Тоа е и пресудно за зголемување на добивката, односно
имаме стабилни приходи на едната, и значително намалени расходи на другата
страна.

Најголем поединечен трошок на расходната страна се
трошоците за суровини и други материјали, кои во првите шест месеци од годинава
изнесувале 19,4 милиони евра, и кај нив има намалување за 15 проценти. Кај набавната вредност на трговските стоки, кои се многу
помал трошок, намалувањето е за дури 50 проценти.

Трошоци кои се зголемиле во првото полугодие од годинава
се трошоците за вработените и тоа за шест проценти, и за оваа ставка компанијата
платила 302 илјади евра. Пораст на трошоците за вработените значи дека или се
зголемиле платите, или бројот на вработените.

Во првото полугодие зголемени се и трошоците за
амортизација за 15 проценти.

„Оперативните расходи
содржат гориво за печките, електрична енергија, суровини, трошоци за концесии,
трошоци за плата, услуги за одржување (машинско, електро и градежно),
обезбедување, контрола на квалитетот на производите, калибрација, интелектуални
услуги, негативен ефект од вреднување на тргување со електрична енегија и останати
трошоци и расходи од работењето“, напишале од компанијата во своето
образложение за работењето во првото полугодие од годинава.

Значително послаба реализација во однос на лани имале и
финансиските приходи и расходи на УСЈЕ, кои се значително помала ставка во
билансот на успех, при што првите се намалиле за 40, а вторите за 49 проценти.

Кога станува збор за
плановите за годинава, од УСЈЕ велат дека во согласност со најновата проценка
за 2023 година, Групацијата очекува благо зголемување на продажбата на цемент и
стабилно учество на пазарот.

„Во комбинација со подобрувањето
на производните трошоци се очекува да се постигне значително зголемување на
оперативната профитабилност од работењето во однос на минатата година“, стои во
образложението кое компанијата го објави преку Берзата до инвеститорската
јавност.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44941
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во домови и две тешки сообраќајни

10/08/2026

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое

10/08/2026

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на острите критики од опозициската СДС за визуелните елементи и уметничките инсталации на манифестацијата „Силно

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy