
ПАОК на колена пред Миовски: Гол и асистенција на Македонецот! (ВИДЕО)
Втор меч по ред, нашиот напаѓач постигнува гол во Конференциската лига, овојпат против ПАОК на домашен терен. Во 50. минута, тој се најде на вистинското место, на пет метри од голот на солунскиот тим и без проблеми ја затресе противничката мрежа. Неколку минути подоцна Миовски му асистираше на Полвара за 2-0 и убедлива предност на Абдердин.
До ова коло, ПАОК беше лидер на табелата во Конференциската лига со максимален ефект, по победите против Хелсинки и Ајнтрахт. Миовски во претходниот круг стрелаше во дуелот Хелсинки и му донесе бод на својот тим.