Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи најави нови антикризни мерки – „за новиот закон за плати веќе има предлози кои се разгледуваат“
Македонија

Битиќи најави нови антикризни мерки – „за новиот закон за плати веќе има предлози кои се разгледуваат“

26/10/2023

AA

За новиот закон за плати, работната група веќе има одредени рамислувања, имаме предлози се консултираме во Влада со сите министри, изјави вечерва вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Тој во гостување на ТВ Канал 5, рече дека наскоро би требало да има законско решение за платите.

-Ние утре веќе имаме одредени разговори со судските службеници, само колку за потсетување нивните плати се зголемени за над 70 отсто во периодот од 2014 до 2023 година. Утре ќе ги слушнеме кои се навистина нивните барања, нивните очекувања, ќе дојдат претставниците на УПОЗ, на синдикатите и ќе видиме кои се очекувањата нивни, посочи Битиќи.

Во однос на покачувањето на платите на функционерите тој потсети дека тоа доаѓа по судска одлука, и дека политичка волја постои за промена на оваа ситуација, но потребно биле да се сменат седум закони, а притоа да се прашаат сите чинители на кои тие закони се однесуваат.

-Не е зголемување на платите, во суштина е усогласување после одлука на уставен суд, има политчка волја, но не е еден закон, за жал се седум закони. Замислете на пример има една клаузула, член во Законот за судии кој вели ниту еден друг закон не може да им промени начин на пресметка на плати, а нивните плати се дефинираат во законот за избрани и именувани функционери, методологијата на премсетување на нивните плати е таква и се спротивно на тоа е противуставно, појасни министерот.

Додаде дека преку дијалог наскоро ќе биде најдено решение.

-Јас сум за дијалог, ќе најдеме решение, сме покажале дека низ дијалог сме наоѓале решенија, таков е примерот со системското решение на платитие во јавниот сектор кое го изнајдовме неодамна, кажа Битиќи.

Битиќи исто така најави дека наскоро ќе има и нови мерки за финансиска поддршка на граѓаните, пакет антикризни мерки, а со Закон за минимална пензија ќе се заокружи процесот на реформи.

Тој посочи дека Владата предводена од СДСМ со системски решенија и навремени мерки го поддржувала стандардот на граѓаните и компаниите во време на кризи и така ќе продолжи и дека пензионерите ќе бидат дел од новиот пакет антикризни мерки.

-Имаме разбирање за сите барања на пензионерите, затоа и минатата година и оваа година имаше антикризни мерки и пакети за поддршка, енергетски пакет, пензионерите ќе бидат опфатени и со новиот пакет антикризни мерки. Заради тоа што имаме разбирање. Законски обезбедивме два пати годишно усогласување на пензиите и досега два пати се зголемија, значи дава резултат, пензиите растат. Ние сакаме системски решенија. Дополнително со носење на нов Закон за минимална пензија ќе го заокружиме процесот на реформи. После тоа ќе зборуваме за многу поубави работи за пензионерите, рече Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy