Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пандев: Македонскиот фудбал со ова раководство на ФФМ е на лош пат
Македонија

Пандев: Македонскиот фудбал со ова раководство на ФФМ е на лош пат

14/02/2023

AA

Легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев повторно изнесе остри критики на адреса на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), истакнувајќи оти на раководните места седат луѓе кои се грижат само за личните интереси.

Пандев, кој важи за критичар на актуелното раководство предводено од претседателот Муамед Сејдини, рече дека нема лични амбиции да застане на чело на ФФМ, туку „ќе продолжи да се бори на нивно место да дојдат вистински луѓе“.


-Жал ми е да кажам, но сè се врати на старо. Во Фудбалската федерација на Македонија работат луѓе кои не ги интересира фудбалот. Отидовме на Европско првенство, а ништо не искористивме од маркетинг, спонзори … Кај нас се случува екипите да откажат учество во лигата една недела пред почеток на сезоната. Тоа навистина е срамота. Луѓе само ги гледаат личните интереси. Жал ми е и се надевам дека нема повторно да чекаме 30 години да се пласираме на некое натпреварување, но мислам дека сме на лош пат со овие луѓе. Не е проблем А репрезентацијата, колку што се проблем младите селекции во кои играат деца кои не заслужуваат, изјави Пандев во интервју за „Моцарт“.

Тој вели дека нема амбиција да биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија.


-Немам амбиција да бидам претседател на Федерацијата. Но сакам нашиот фудбал да се спаси од овие актуелни луѓе. Тоа се погрешни луѓе. Имам јас и свој клуб во Македонија, изградив и спортски центар, сакам да инвестирам сопствени средства и да им помагам на младите категории. Но кога работиш со вакви луѓе, мораш да се свртиш на страна. Има и други спортисти кои му мислат добро на фудбалот, но кај нас политика навлезе премногу, додаде Пандев, кој за македонската репрезентација одигра рекордни 122 натпревари и со 38 голови е најдобар стрелец во историјата.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока на македонско-косовската граница

01/08/2026

Тројца мажи се лишени од слобода, а одземени се две возила и криумчарена стока во акција спроведена на македонско-косовската граница.

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се чека до два часа

01/08/2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy