Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители: „Имам над 12 години стаж“
Македонија

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители: „Имам над 12 години стаж“

17/02/2026

AA

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, експресно реагираше со материјален доказ откако Советот на јавни обвинители денеска ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител.

Советот ја отфрли кандидатурата на Панчевски со образложение дека тој не го исполнува законскиот услов од 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното право.

Сепак, Панчевски на својот Фејсбук профил објави официјална потврда издадена од Основниот кривичен суд Скопје, која директно ја оспорува ваквата одлука.

Во потврдата, потпишана од судскиот администратор Дејан Нешовски, децидно стои дека Панчевски бил судија во периодот од 08.02.2008 до 28.07.2020 година.

Заедно со документот, Панчевски упати и емотивна порака до јавноста, нарекувајќи ја својата кандидатура „трка за правда“.

Останува отворено прашањето дали по јавното објавување на овој документ, Советот на јавни обвинители ќе ја преиспита својата одлука или ќе понуди дополнително објаснување за дисквалификацијата на Панчевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy