Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Палевски тврди дека не учествувал во грабнувањето на Панче Жежовски
Магазин

Палевски тврди дека не учествувал во грабнувањето на Панче Жежовски

16/05/2025

AA

Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, на денешното рочиште за убиствата на Вања |Ѓорчевска и Панче Жежовски се повика на материјалите од камерите од хотел „Романтик“ кај Велес, а во кои точно е избројано колку лица се забележуваат на снимките. При преглед е утврдено дека од камерите што го покриваат стариот пат од 22.11 2023 година во 10 часот и 15 мин се забележува „рено кангу“ со две лица внатре и „цитроен“ кој се движи кон Скопје со  едно лице.

„Ова е доказ што ОЈО Скопје не го доставило во листата на докази, а доставило други девет. Манев и Кешишев изјавија дека никој не бил присутен во задниот дел на Кангуто. Со тоа се потврдува дека во грабнувањето на Панче учествувале три, а не четири лица. Исто така не е идентификувано доаѓањето на „кангуто“ во Велес по регионалиот пат се до 12 часот. Не постои доказ за доаѓање на „кангуто“ во Велес критичниот ден и точен број на лицата во возилото, а тоа се три лица“, тврди Палевски.

Бидејќи Палевски, како обвинет за  грабнувањата и егзекуциите на  Панче Жежовски на 22.11.2023 година и на Вања Ѓорчевска на 27.11.2023 година, ги оспори доказите на обвинителството за неговата локација тие два дена, обвинителката Жаклина Крстевска покажа  испечатена комуникација меѓу него и сведокот Ерол Османи.Палевски тврди дека на 22.11.2023 му поправал котел за парно на Османи, во времето кога обвинителството тврди дека всушност го киднапирал и убил Панче заедно со обвинетите Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев.

„Според оваа комуникација на месинџер, сведокот Ерол Османи му пишал на Палевски на 22.11.2023 година во 16 часот со фотографија на делот кој е расипан, тој не му одговорил. На 25-ти пак му пишал, дека го бара за греењето, Палевски не му одговорил. На 27.11.2023, околу 11 часот Ерол Османи му праќа порака: ‘Ќе идеш навака?’. Нема одговор, па во 15.55 часот пак нова порака му праќа: ‘Да купам нова електроника?’. На 27.11. ниту отишол кај сведокот Ерол Османи, ниту извршил некаква поправка”, кажа обвинителката. Дури во 23.30 часот Палевски му вратил одговор. Дотогаш не отишол кај него, тврди таа.

Палевски приговараше и зошто немало вештачење на чаурата од 9 мм од пиштол „зброевка” најдена крај трупот на убиениот 74-годишен Жежовски кај местото Рудник крај Велес.Обвинителката донесе известување од МВР дека според истражувањето кај нив, чаурата има отисок од игла на „зброевка”, а не може да се вештачи зашто во базата на податоци нема други чаури од тоа оружје за компарација. Исто како да не е пукано претходно со него.

За разлика од Манев и Кешишев кои ги признаа кривичните дела, Видевски исто како и Палевски, ги негираше.Тој кажа дека на 22.11. бил на работа, а на 27.11. имал куќна слава.Но, обвинителката донесе доказ од електронската евиденција на велешкото претпријатие кај што работи, според која Боре Видевски не бил на работа тие два дена.

Судењето е на крајот. Палевски денеска кажа дека се работи за невешто местење, со спорни докази, за две тешки убиства кои како што рече, тој не ги сторил.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени

03/10/2026
Македонија

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави

03/10/2026
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45964
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени утра, а деновите со летни

03/10/2026

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави дека оваа новина ќе се

03/10/2026

Возачите на мотоцикли што управуваат без заштитна кацига наскоро ќе бидат автоматски детектирани и казнувани преку системот „Безбеден град“. Оваа

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy