Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Палевски резервирал авионска карта за Минск, побарал помош од лице за да го земе од аеродромот
Македонија

Палевски резервирал авионска карта за Минск, побарал помош од лице за да го земе од аеродромот

14/02/2025

AA

Во Кривичниот суд денеска продолжи судскиот процес за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, а обвинителството продолжи со презентирање на нови докази. Во текот на доказната постапка беа презентирани материјални докази, меѓу кои траги од возила, отпушоци од цигари, фискална сметка за набавка на гориво, како и предмети подигнати од местата каде се пронајдени телата на починатите.

Обвинителката истакна дека и покрај констатираните обиди за бришење на комуникациите, постојат записници за комуникацијата помеѓу обвинетиот Палевски и лицето Хусеин, во кои тој го информира за букираната авионска карта за Минск. Во периодот меѓу 27 ноември и 1 декември 2023 година, обвинетиот не остварил разговори со никого освен со Влатко Кешишев и Стефан Димковски, додека на Телеграм биле забележани најмногу разговори.

Обвинителката изнела податоци за пропуштените повици и анализирани комуникации преку различни платформи, вклучувајќи WhatsApp, Фејсбук и Вибер. Според комуникациите, обвинетиот Палевски имал контакти со неколку лица, а на Вибер се пронајдени пораки кои го поврзуваат со лице по име Драган, кој се наоѓа во Москва, при што Палевски побарал помош за да го земе од аеродромот по неговото пристигнување на 5 декември 2023 година.

Судскиот процес продолжува со следните фази на доказна постапка, а обвинителката нагласи дека се уште постојат дополнителни докази кои ќе бидат презентирани во текот на следните денови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРИ ТЕШКИ НЕСРЕЌИ, ТРОЈЦА ПЕШАЦИ ВО БОЛНИЦА Сообраќаен хаос на

27/01/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

27/01/2026
Македонија

ВИДЕО Се сруши ѕид во Штип, оштети неколку автомобили!

27/01/2026
Македонија

Зголемен водостојот на Лепенец, Пчиња и Кумановска река – во

27/01/2026
Македонија

„Сејф сити“ ќе се тестира на автопатската делница Охрид –

27/01/2026
Македонија

НАДОЈДЕНАТА РЕКА ОДНЕСЕ 120 ЈАГНИЊА И 100 ОВЦИ Голема штета

27/01/2026
Македонија

ВИДЕО Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција

27/01/2026
Македонија

ВРЕДИ СО СИЛНА ПОДДРШКА НА СИСТЕМОТ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Правилата постојат

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40663
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРИ ТЕШКИ НЕСРЕЌИ, ТРОЈЦА ПЕШАЦИ ВО БОЛНИЦА Сообраќаен хаос на улиците во Скопје, Куманово и

27/01/2026

Тројца пешаци завршија со тешки повреди по три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие во Скопје, Куманово

ВНИМАВАЈТЕ: Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

27/01/2026

Забележани се одрони на патот Делчево – Македонска Каменица. Се препорачува возачите внимателно да возат.

ВИДЕО Се сруши ѕид во Штип, оштети неколку автомобили!

27/01/2026

На улицата Љубен Иванов во Штип се случи сериозен инцидент кога потпорен ѕид се сруши и падна врз паркирани автомобили.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy