Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАДНАВ НА КОЛЕНА, ПОЧНАА ДА МЕ ГАЗАТ, ПОЧНАВ ДА ПОВРАЌАМ, МЕ ГАЗЕА… Сведочеше момче повредено во пожарот во кочанската дискотека
Македонија

ПАДНАВ НА КОЛЕНА, ПОЧНАА ДА МЕ ГАЗАТ, ПОЧНАВ ДА ПОВРАЌАМ, МЕ ГАЗЕА… Сведочеше момче повредено во пожарот во кочанската дискотека

26/01/2026

AA

Во продолжение на денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судот го повика сведокот на обвинението Дарио Трифунов, студент, но адвокатката Ивана Коцевска реагираше дека овој сведок не бил најавен на претходното рочиште и бара тој да биде повикан на следното, за да има време одбраната да се подготви.

Обвинителство одговори дека тој е студент во странство, во Софија и дека само овој пат може да сведочи, како и дека бранителите ги имаат записниците од сите искази во исрагата.

Судијката го праша сведокот колку често доаѓа и дали може да дојде за еден или за два месеца, тој рече дека не е сигирен дали ќе може да дојде. Судот се повлече за да одлучи. По кратко рече дека се прифаќа предлогот на одбраната и овој сведок денеска нема да се сослуша.

Следен сведок беше Тоше Трендафилов, кој исто така бил присутен во дискотеката „Пулс“ во кобната ноќ. Тој ја посетувал често дискотеката, речиси секој викенд, уште од 18-годишна возраст, а сега има 29.

На перашање на обвинителот како изгледа влезот во дискотеката и самата дискотека, сведокот рече:

– Само еден влез и излез имаше. Имам слушнато дека има и друг излез, ама е затворен, сум слушнал дека тоа е за да не бегаат малолетници ако има рација, Не сум го видел тој излез.

Дискотеката беше многу убава. Порано имаше тераси, горе сепариња. Подоцна ги тргнаа терасите. Од страните имаше шанкови, бината беше право, а на средината маси, како и лево и десно од бината.

Седнав веднаш до бината. Кога стигнав во 1.30, ДНК беа почнати со настапот, седнав со другари на масата, по некое време, по 40 до 50 минути, се запали дискотеката. Панчо виде и рече дека се запалило тоа горе. Ни рече да излеземе и дека ќе се вратиме кога ќе го изгасат.

Самото палење не го видов. Имаше и малолетни, како и секоја вечер. Знам дека се малолетни, затоа што ги познавам.

Обвнителот праша дали имало внатре лица од обезбедувањето?

– Таа вечер не.

– Дали видовте полицајци?

– Надвор да, внатре не. Кога влегував не видов полицаји, внатре не видов полицајци, ги видов кога излегов надвр, после пожарот.

– Дали претходно сте виделе полицајци, праша обвинителот.

– Да, ама било најавено дека ќе има полиција, па маолетните се криеја.

Обвинителот праша дали критичната вечер полицијата ја прекинала забавата во некој момент, на што доби одречен одговор.

Обвинителот пообара сведокот да раскаже што се случувало кога настанал пожарот.

– Повеќето снимаа. Другар ми рече ајде да излегуваме. Тргнавме кон вратата, јас тргнав кон тоалетот, ама другар ми Драгољуб Тасев ме фати за рака и ми рече да не одам во тоалет туку да излеземе надвор. Кога почна, се ширеше црн чад од плафонот и беше многу жешко, не се издржуваше.

Сите од обезбедувањето помагаа, сите што ги набројав. Тие ги извлекуваа децата. Не видов обезбедување внатре, беа надвор. Ние бевме едни врз други. Кога стигнав до вратата веќе беше хаос. Деца имаше на подот, едни врз други. Паднав на колена, почнаа да ме газат, почнав да повраќам, ме газеа и повеќе не се сеќавам. Некој ме извлекол, после ми кажаа другарите дека ме излекле. Кога излегов надвор од вратата, им пружив рака на полицајците, тие само ми рекоа да се тргнам, друга помош не ми пружија – рече сведокот.

На прашање дали видел некој да гаси со ПП апарат, сведокот рече:

Да, го видов сопственикот Дејан и уште едно лице?

Сведокот рече дека во пожарот бил повреден, на раката му е правена операција и пресадена му е кожа.

– Да. Раката ми е правена операција, пресадена ми е кожата од ногата. Имав изгореници и на двете уши и целиот врат. Имам болки во раката, ми се враќа сеќавањето и не можам да спијам.

На сведокот му постави прашање адвокат на одбраната:

– Рековте дека кога настанал пожарот повеќе лица снимаа. Значи ли тоа дека никој не ги предупредил?

– Секој за себе размислува и одлучува – рече сведокот.

Адвикатот Ванчо Шехтански го праша сведокот од што се запалил плафонот, но тој рече дека не знае.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy