Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки
Економија

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

01/06/2023

AA

Индексите на Волстрит паднаа  вчера бидејќи договорот за ограничување на долгот на американската влада се очекува да помине на клучното гласање во Конгресот, а инвеститорите стравуваат од ново зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД. Индексот Dow Jones изгуби 134,5 поени или 0,41 отсто вчера, на 32.908 поени, продолжувајќи да се намалува на почетокот на новиот месец, откако забележа загуба од 3,48 отсто во мај.

Индексот S&P 500 падна вчера за 0,61 отсто, на 4.179 поени, а индексот Nasdaq за 0,63 отсто, на 12.935 поени.

Во мај, сепак, S&P забележа благ пораст од 0,26 отсто, а Nasdaq скокна за 5,8 отсто, објавувајќи го својот најдобар месечен учинок од мај 2020 година.

Технолошкиот сектор имаше добри резултати минатиот месец, со просечен скок на цените од 9,29 отсто, благодарение на порастот на цените на акциите на производителите на чипови. Најголеми добитници беа Nvidia, со скок на цената од 36 отсто во мај, како и Broadcom, за речиси 29 отсто.

Претставничкиот дом на Конгресот на САД вечерва треба да гласа за измените на Законот за финансиска одговорност, со кој се предвидува „отстранување“ на лимитот на долгот на американската влада од 31,4 трилиони долари, што е клучен чекор за да се избегне банкрот на САД следната недела.

Потоа, предлогот за измена на тој закон ќе биде проследен до Сенатот, каде дискусијата ќе биде продолжена за викендот, пред 5 јуни, кога владата постепено би можела да остане без доволна ликвидност.Но, повеќето аналитичари предвидуваат дека законот ќе биде одобрен во Конгресот, а американскиот претседател Џо Бајден во средата рече дека очекува законот да биде потпишан до понеделник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy