
Падна уште една тренерска жртва во Севиља: Алонсо издржа само два месеца
Тимот од Андалузија се наоѓа во серија од 12 меча без победа, во текот на неделата испадна од европските купови, а во домашното првенство се наоѓа на 13. место со можност дополнително да назадува ако Кадиз утре освои барем бод на гостувањето кај Лкас Палмас.
„Фудбалскиот клуб Севиља објавува дека ја раскина соработката со тренерот Диего Алонсо. Му благодариме за ангажманот и му посакуваме се најдобро во иднина“, пишува во соопштението од андалузискиот клуб.
Алонсо беше втор тренер на Севиља оваа сезона која ја почна Хозе Луис Мендилибар. Тој доби отказ на 8 октомври, а два дена подоцна беше назначен Диего Алонсо кој на функцијата издржа само два месеца. Како можна алтернатива за него се спомнува Кике Санчез Флорес.
