Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДРЖАВАТА ВОВЕДУВА „СОЦИЈАЛЕН ЛИЗИНГ“, 54 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО: Нова мерка во Франција од јануари
Економија

ДРЖАВАТА ВОВЕДУВА „СОЦИЈАЛЕН ЛИЗИНГ“, 54 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО: Нова мерка во Франција од јануари

16/12/2023

AA

Во Франција сега постои таканаречен „социјален
лизинг“ за електрични автомобили. Мерката е наменета да ги поддржи луѓето со
ниски примања – и идеално ќе и помогне на француската индустрија за електронски
автомобили.

Пад на емисиите на штетни гасови, зголемување на
производството – и згора на тоа, помош за социјално помалку привилегираните
семејства: ова е идејата зад таканаречениот „социјален лизинг“ во Франција.

Купувањето автомобил е можно веќе во јануари

Заинтересираните сега можат да се регистрираат
на онлајн платформата – а потоа од јануари да купуваат електрични автомобили за
100 евра или помалку месечно. Понудата е наменета за домаќинства чии референтни
приходи се помали од 15.400 евра годишно, јавуваат германските медиуми.

Секој што сака да има корист во наредната година
мора да живее најмалку 15 километри од своето работно место – или да патува
повеќе од 8.000 километри годишно поради работа. За 2024 година понудата ќе
биде ограничена на 20.000 до 25.000 можни регистрации, но подоцна постепено ќе
се проширува.

Можно е да се добијат и до 13.000 евра субвенции

Франција придонесува до 13.000 евра за секој
лизинг автомобил. Договорите за лизинг треба да траат три години и треба да се
обновуваат.

„Социјален лизинг“ е ветување од предизборната
кампања на претседателот Емануел Макрон минатата година.

Автомобилите се одговорни за повеќе од 15
проценти од емисиите на стакленички гасови во Франција. Владата сака да ја
намали оваа квота за да може да ги исполни своите цели за намалување на
штетните гасови до 2030 година.

Државниот бонус не е за автомобилите „Made in China“.

Покрај тоа, Франција сака да го поттикне
европското – а уште поидеално француското производство: „Сакаме да помогнеме,
пред сè, да купиме електрични автомобили што се произведуваат во нашата земја“,
беше речено.

Најевтините понуди за социјален лизинг се 54
евра месечно без осигурување – моментално за модели произведени во Европа, но
не и во Франција.

Во исто време со „социјалниот лизинг“,
претседателот Макрон го реформираше еколошкиот бонус за електричните автомобили
што тој го најави. Во иднина веќе нема да има субвенции за електричните
автомобили од кинеските производители, јавуваат германските медиуми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба

01/08/2026

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy