Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пациентите ќе умрат ако ги остават: Лекарите во болницата „Ал Шифа“ во Газа одбија да се евакуираат
Македонија

Пациентите ќе умрат ако ги остават: Лекарите во болницата „Ал Шифа“ во Газа одбија да се евакуираат

13/11/2023

AA

Лекарите во болницата „Ал Шифа“ во северниот дел на Газа ја отфрлија наредбата на израелските одбранбени сили (ИДФ) за задолжителна евакуација, бидејќи стравуваат дека околу 700 пациенти со висок ризик ќе умрат доколку ги остават, изјави денеска генералниот директор на Министерството за здравство во Газа, Мунир Ал Бурш.

-Проблемот не се лекарите, туку пациентите. И ако ги остават ќе умрат, а ако ги префрлаат ќе умрат по пат. Тоа е проблем, зборуваме за 700 пациенти. Досега немаше одговор од лекарите, но некои од раселените лица и семејствата веќе си заминаа, рече Ал Бурш, пренесе Си-Ен-Ен.

Директорот на болницата додаде дека наредбата за евакуација не била координирана со ниту една меѓународна хуманитарна агенција, како што е Меѓународниот Црвен крст, и дека недостатокот на координација предизвикува загриженост за безбедноста и изводливоста на трансферот на толку голем број пациенти, од кои многумина се во критична состојба.

Претходно денеска ИДФ соопшти дека повторно е отворен безбеден коридор за жителите на северот на Газа

Меѓународниот комитет на Црвениот крст вчера соопшти дека не може да потврди за каква било евакуација од болницата Ал-Шифа во северниот дел на Газа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Трамп до Израел: Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy