Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Скопје одбележува 79 години од Денот на ослободувањето
Македонија

Скопје одбележува 79 години од Денот на ослободувањето

13/11/2023

AA

Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда, а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, промоции…

Детски културен центар „Карпош“ ја организира традиционалната манифестација „Го градам мојот град“, а Дирекцијата за култура и уметност работилници на темите „Скопје, европска културна престолнина“ и „Минатото на Скопје се сеќава, а иднината на Скопје го запознава какво што некогаш било. За да го сака уште повеќе онакво какво што е сега“.

Во Градската библиоитеката „Браќа Миладиновци“, пак, ќе биде промовирана книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова, во централната зграда на националната Пошта ќе биде отворена изложбата од конкурсот „Скопје на новата генерација”, во организација на Јуроп Хаус Скопје.

Традиционално, Град Скопје ќе ја додели наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.

Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК – музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Скопје.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45128
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те модуларни болници

20/08/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе одржи брифинг во врска со одлуката поврзана со

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026

Системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери на Центарот за управување со кризи (ЦУК) навреме детектирал пожар во

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион евра

20/08/2026

Од почетокот на годинава заклучно со јуни, од наплата на патарина во државата се инкасирани рекордни 1.919.775.277 денари (над 31

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy