Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАЃАМ, ПАЃАМ…МИ СЕ ВРТИ, ЛОШО МИ Е, ВАКА БАРААТ ПОМОШ КОРИСНИЦИ НА „СНУС“: Легално се увезува од Шведска, но проф. Беќаровски предупредува на предозирање со никотин
Регион

ПАЃАМ, ПАЃАМ…МИ СЕ ВРТИ, ЛОШО МИ Е, ВАКА БАРААТ ПОМОШ КОРИСНИЦИ НА „СНУС“: Легално се увезува од Шведска, но проф. Беќаровски предупредува на предозирање со никотин

19/10/2023

AA

„СНУС“ со месеци
наназад е посебно популарен меѓу тинејџерската популација иако станува збор за производ
кој содржи исклучително високи дози на никотин и тоа од 8 до дури 15 милиграми,
што за споредба со една „слим“ цигара која содржи 0,3 милиграми никотин е
неколкукратно повисоко количество. Децата го користат на вечерните журки за време
на викендите, а дел од оние кои веќе имале непријатно искуство со овој производ,
во присуство на родителите се согласија да раскажат за Фактор за ефектите и
чувството кога една кесичка снус ја чувале подолго време во уста.

-Уште пред за
заврши второто полугодие, некаде во мај, почна многу да се зборува за снус. Мои
врсници го користеа за време на часовите…Цигарите се најстрого забранети, но
ова тешко кој може да го открие од наставниците, бидејќи има мирис на некое
овошје, најчесто купуваат од боровница и ментол и се чува меѓу забите и непцето.
Јас прв пат пробав летово и навистина имав непријатно искуство. Бевме на
роденденска журка и тогаш ми понуди другарка од одделението. Не се сеќавам
колку време ја имав кесичката во уста, но се сеќавам дека ми се слоши толку
многу што мислев дека ќе умрам. Прво почна срцето многу брзо да ми тупка, да ми
се врти, се сеќавам како од другарка ми барав помош: „паѓам, паѓам, ми се врти,
лошо ми е“. Некои од друштвото се смееја, но јас велам дека воопшто не е смешно.
Никогаш повеќе нема користам снус или каков било друг наркотик. Знаев дека ќе
ми се лути многу, но ја повикав мајка ми. Веднаш ми даде вода и полека почнав
да си доаѓам на себе. Навистина многу, многу лошо искуство…Потоа разбрав дека
дејството, односно количината на никотин што ја содржи едни кесичка снус е како
одеднаш да се испушиле најмалку 15-тина цигари, вели нашата 14-годишна соговорничка
која сакаше да остане анонимна.

Истовремено, токсикологот,
проф. д-р Нико Беќаровски вели дека користењето на производот доведува до
никотинизам, односно предозирање со никотин.

-Станува збор за
варен тутун, односно екстрахиран и е во доста поголеми дози. На самиот
производ, пишува дека создава висока зависност и апсолутно создава зависност. Знаците
на предозираност со никотини, или како што ние токсиколозите стручно го
нарекуваме, никотинизам се прво краток здив, тахикардија, односно неурамнотежен
ритам на срцето, има варирање на притисокот, се јавуваат вртоглавици, нагони за
повраќање, несвестица. За среќа, никотинизмот не доведува до фатален исход, но
е исклучително штетен за младиот организам. При акутно труење со никотин, прва
помош е многу течности, односно вода, да се исчисти организмот, вели
токсикологот Беќаровски.

Производот е во
слободна продажба во сите трафики низ земјава и една кутија чини околу 300
денари, но загрижува фактот што и малолетници може да си купат. Од Државниот
пазарен инспекторат велат дека нивните надлежности се лимитирани и дека
практично секоја активност која ја спроведуваат е во координација со МВР.

-Инспекторите на ДПИ
дури и да вршат контрола во монет кога малолетно лице купува ваков производ,
нема надлежност да побара документ за лична идентификација. Тоа може да го
направи полицијата, но секако и трговецот кој практично е и должен да побара
лична карта од оној што купува доколку се посомнева дека е мамлолетно лице. Во
случај ДПИ да забележи ваква активност, единствено што може да направи е свој
записник во кој констатира дека малолетно лице купува производ со никотин и тоа
потоа го проследува до полицијата, велат од ДПИ.

Од Министерството
за внатрешни работи за Фактор потврдија дека „снус“ се увезува легално во
Македонија и тоа најмногу од Шведска.

-Производот
за кој прашувате легално се увезува во Република Северна Македонија.
Најмногу се увезува од Шведска и од земјите од Западна Европа. Постојат мерки и
истиот се третира како производ од тутун, а според нашите законски регулативи
алкохолот и тутунот не е дозволено да се продаваат на лица под 18 години. Доколку
се продаваат на лица под 18 години подлежат на санкционирање согласно
законските прописи во Република Северна Македонија, велат од МВР. 

Анита Буховски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy