Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Бехтел и Енка“ заработи десет пати повеќе од „Синохидро“ за половина година во Македонија
Економија

„Бехтел и Енка“ заработи десет пати повеќе од „Синохидро“ за половина година во Македонија

19/10/2023

AA

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој работи на проектот со коридорите 8 и 10д за помалку од половина година заработи десет пати повеќе од кинески „Синохидро“, изведувачот на автопатот Кичево – Охрид. Ова го покажува извештајот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за првата половина од 2023. 

До 1 јули за оваа година за реализација на автопатската делница Кичево – Охрид финансирана од кинеската Ексим Банка потрошени се 1,006 милијарди денари, или само 16,36 милиони евра.

За инвестиции од програмата за финансирање на патна инфраструкура за проектот Коридор 8 и Коридор 10Д реализирани се 10,46 милијарди денари, односно 170 милиони евра, што беше и претходно објавено во медиумите до тој период на годината.

Владата не знае точно дали автопатот Кичево-Охрид ќе заврши во предвидениот рок до крајот на годинава. Избегнувајќи го прашањето, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски претходно рече дека на овој автопат се работи интензивно и дека деловите кои ќе бидат готови ќе бидат пуштени во употреба.

Од друга страна, „Бехтел и Енка“ започна со изградбата на средината на минатиот месец со минирањето над гостиварското село Дебреше за пробивање на трасата на автопатот Гостивар – Букојчани на Коридорот 8. Изведувачот овој проект го гради со директни финансии од буџетот.

Сликата на терен остава впечаток дека нема реални изгледи изградбата на автопатот од Кичево до Охрид да заврши во 2023 година, како што е предвидено и со закон. Договорот за изградба на делницата е потпишан пред точно 10 години со кинески „Синохидро“. Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна во февруари 2014 година.Педесет и седумте километри автопат требаше да чинат 374 милиони евра и да бидат завршени за околу четири години.

A.K.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
Македонија

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45438
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во Косово

03/09/2026

По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

03/09/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026

Голем пожар на отворено попладнево избувна во атарот на скопското село Грачани, сместено во непосредна близина на македонско-косовската граница. Поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy