
Паѓа вредноста на доларот и рубљата
Се намалува вредноста на доларот и рубљата, а вредноста на еврото расте.
Веќе петта недела по ред доларот паѓа, а еврото е најсилно за период од една година. Вредноста на доларот се намали за 0,8 отсто во однос на европската валута, а цената на еврото на крајот на неделата изнесуваше 1,0995 долари. Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 1,2 отсто на 133,80 јени.
Инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на каматните стапки на американската централна банка се ближи кон крајот. Неодамна и руската валута рубљата повторно се намали. Лани и турската лира имаше намалување на вредноста. Откако почна војната во Украина, рубљата во неколку наврати доживеа пад.
foto freepik.com
