Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАЃА ИЗВОЗОТ, ПАЃА И ЕКОНОМИЈАТА – Тешко ни се пишува и за следниве месеци, еве што велат економистите
Економија

ПАЃА ИЗВОЗОТ, ПАЃА И ЕКОНОМИЈАТА – Тешко ни се пишува и за следниве месеци, еве што велат економистите

13/09/2023

AA

Повторно лоши
вести за домашната економија. Најновите податоци велат дека економскиот раст не
се одвива според очекувањата, што е причина економските експерти да ги намалат
очекувањата за вкупниот раст на домашната економија.

Институтот за економски
анализи „Фајненс тинк“ во последниот Макроекономски монитор ја намали
проекцијата за раст на БДП, кој според нив оваа година ќе изнесува само 1,7
отсто, наместо претходно очекуваните 2 проценти
, додека пак се очекува поголема
инфлација од претходно.

Извршната директорка на
„Фајненс тинк“, Благица Петрески за Фактор појаснува дека последните податоци кои
се објавени укажуваат дека има големо намалување на побарувачката од странство
,
што се одразува на намалување на извозот во вториот квартал од годината, но и
намалување на увозот кај компаниите кои работат во зоните.

– 
Од последните податоци
гледаме дека странската побарувачка е значајно ослабена, што се гледа и преку
падот на извозот во вториот квартал, но и преку падот на увозот во целото
полугодие, што се должи на тоа што фирмите, а главно тие во ТИРЗ, го прилагодуваат
обемот на производство според состојбата на пазарот на кој најмногу извезуваат –
појаснува Петрески.

Директорката објаснува
дека засега прогнозите за глобалниот и европскиот раст остануваат во
стагнантната зона, што значи дека забавувањето на економијата ќе биде присутно
и кај нас во текот на оваа година.

– 
Но, потрошувачката го
компензира ова, барем во одредена мера, меѓутоа истовремено крие ризик за
смирувањето на цените, и тука мислам дека е потребна особена внимателност на
фискалната политика, особено во пресрет на преземените зголемувања на плати и
пензии, како и начинот на кон Владата ќе постапи во поглед на барањата од сите
страни за пораст на примањата – потенцира Петрески.

Мониторот на
„Фајненс тинк“ покажува дека во вториот квартал од годинава, БДП се зголеми за
1,1 отсто на годишна основа, што претставува забавување на економската динамика
во однос на претходниот квартал.

Во анализата се
појаснува дека иако растот на личната потрошувачка кој достигнува 1,6 отсто е
релативно солиден, но забавен, а бруто инвестициите забележуваат помал пад од
претходно (-1,2 проценти), забавувањето на вкупната економска активност главно
е под влијание на намалувањето на извозната активност (-1,2 отсто).

– 
Овој
пад е во линија со забавената активност и негативните стапки на раст на
економиите од главните трговски партнери. Сепак, секторски, само градежништвото
забележа драматичен пад (-21,8 проценти), додека другите сектори растеа со
слична или побрза динамика споредено со крајот од претходната и почетокот од
годинава.
Јавната потрошувачка ја продолжи патеката на консолидација (-2,7
отсто), но буџетскиот дефицит во првото полугодие од годината изнесува 5,8
отсто од БДП, што е над годишната проекција од 4,6 проценти – се посочува во
мониторот.

Во анализата се
посочува дека во вториот квартал од 2023, инфлацијата забави на 11,2 проценти
на годишна основа, од 16,1 отсто во претходниот квартал. Појаснуваат дека забавувањето
е водено од спласнувањето на глобалните притисоци кај цените на енергијата и на
повеќе групи храна, но со продолжени глобални ризици кај некои примарни
производи.

– 
Додека,
базичната инфлација и понатаму покажува значајна упорност, што налага
затегнатост на монетарната политика и внимателност на фискалната политика.
Дополнително, одредени домашни ценовни притисоци се се’ уште присутни во
сегментот храна како одраз на корпоративни и трговски практики, и налагаат
мерки во доменот на политиките за заштита на конкуренцијата.
Тенденциите за
забавена економска активност, очекувани во претходниот Макро-монитор, веќе се
материјализираа во вториот квартал од 2023 и се очекува да опстојат и во
следните квартали. Економијата е под значаен ризик од понатамошно забавување.
Finance Think ја намалува проекцијата за раст на БДП во 2023 на 1,7отсто (од
претходните 2 процент), а проектираниот раст на цените благо се зголемува на 9,7
отсто – се наведува во мониторот на „Фајненс тинк“.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy