
ОВОЈ СУПЕРМАРКЕТ ЗАСТАНА НА СТРАНАТА НА КУПУВАЧИТЕ, НЕ ГИ ШТЕДАТ НИ ПОЗНАТИТЕ БРЕНДОВИ – еве како им застанаа на патот на производителите кои ја намалуваат грамажата
Францускиот супермаркет „Карфур“ смисли интересен начин да им покаже на своите потрошувачи дека производителите ја намалуваат амбалажата, но не и цената. Имено, на полиците до спорните производи, клиентите сега можат да најдат налепница „shrinkflation“ (забелешка за намалување на големината или волуменот на производот).
Овој малопродажен синџир го објави ова известување со неколку видови производи, вклучувајќи познати брендови на ладен чај, чоколада и сладолед. По овој потег од компанијата посочија дека на овој начин сакале да извршат притисок врз производителите да ги намалат цените.
– Очигледно, целта на стигматизирање на овие производи е да им се каже на производителите да ја преиспитаат својата ценовна политика – рече Стефан Бомпаис, директор за комуникација со клиентите.
Од супермаркетот наведуваат дека млечната формула за доенчиња е намалена од 900 на 830 грама, а цената останала иста. Шише леден чај од праска е намалено од 1,5 литри на 1,25, додека кутија сладолед е намалена за 30 грама.
Курир.рс/BBC