
Овој Србин е еден од најбараните трговци на дрога: Боливија го протера Жарко Пилиповиќ, член на балканскиот картел
Србинот Жарко Пилиповиќ беше протеран од Боливија под придружба на силни специјални полициски сили на таа земја.
Висок член на балканскиот картел бил на црвена потерница од Интерпол поради трговија со дрога.
Тој беше уапсен во февруари во Сан Рафаел де Веласко, заедно со Луривал Рафаел да Фонсека, за кој се шпекулира дека е главниот наркобос.