Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јовески пред Анкетната комисија: Кога ја примив поканата мислев дека е некоја грешка
Македонија

Јовески пред Анкетната комисија: Кога ја примив поканата мислев дека е некоја грешка

03/11/2023

AA

Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески денеска излезе пред Анкетната комисија за случајот „Онкологија“.

„Ова е поканата со која сум повикан денеска да дојдам тука, на седницата на Анкетната комисија. За јавноста да знае, тука пишува – Јавниот обвинител на Република Северна Македонија е повикан на седницава “во својство на сведок и/или експерт” за случајот “Онкологија”.Еве и местото на кое сега седам е определено за сведок или експерт“, вели Јовески кој додава дека кога ја примил поканата, мислел дека е некоја грешка.

„Да бидам искрен, кога ја примив поканата мислев дека е некоја грешка, но следејќи ја работата на ова тело, и претходно на Комисијата за финансирање и буџет на која бев повикан на истава тема, се повеќе сум уверен дека не се работи за грешка, туку за излегување од надлежностите на собраниските тела со цел да се наруши предистражната постапка која ја води обвинителството.

Апсолутно не е важно кој предложил, а кој прифатил вакво нешто. Јавниот обвинител ниту е експерт, ниту може да биде повикан да сведочи за активна кривична постапка. Тоа го забранува Уставот кој јасно ја дефинира поделбата на законодавната, извршната и судската власт и ја гарантира самостојноста на јавниот обвинител како надлежен орган за кривичен прогон. Ваквата расправа е спротивна и на неколку други закони, особено на Законот за кривична постапка со кој се штити тајноста на предистражната постапка и доказите обезбедени на законит начин.

Конечно, Анкетната комисија постапува спротивно и на собранискиот и на сопствениот деловник за работа.

Член 123 од Деловникот на Собранието вели:

Работните тела не можат да имаат истражни или други судски функции.

Во вашиот комисиски Деловник, пак, во делот на надлежностите сами сте напишале дека Анкетната комисија ќе утврдува дали има политичка одговорност во целиот овој случај.

Ниту постапувањето на јавното обвинителство, ниту на најголемиот дел од сведоците кои секојдневно ги повикувате тука можат да биде предмет на политичка одговорност. Кривичната одговорност, можеби ќе ве разочарам, но не е во ваша надлежност. Тоа го потврдуваат сите акти кои ви ги цитирав.

Секојдневно дипломатски претставници, претставници на Европската унија и на други меѓународни институции, невладини организации, ве повикуваат вас, политичарите, да не се мешате во работата на правосудството. Јас повикав на истото во оваа сала пред само неколку дена – оставете не да си ја работиме работата. Предметот онкологија се води темелно и стручно и ќе дојде до вистината, без разлика на некои обиди за опструкции.

Ги следам расправите. Од оваа иста говорница неколку пратеници веќе излегоа за да кажат дека имале блиски кои биле пациенти на онкологија. Се надевам дека не е целта со такви дискусии да се покаже дека некој повеќе е засегнат од ова прашање. Свесни сме и знаеме сите – скоро и да нема семејство, нема дом, нема човек во државава кој не поминал или лично или преку некој близок низ траумите што ги носи дијагнозата на канцер. Мојот единствен брат почина на Клиниката за онкологија пред 4 години. Во моето најблиско опкружување и сега имам пациент на таа клиника. И ова не го кажувам за да се докажувам дека и мене ми е важно да се дојде до вистинината, туку затоа што знам дека дури и тој личен факт, кој не треба никого да засега, може да се злоупотреби политички за да се фрли сомнеж на непристрасноста на постапката. Никогаш не сум влијаел, нема ниту сега да влијаам на јавните обвинители кои постапуваат, но бидете сигурни дека апсолутно, како и на сите, ми е важно да се дојде до вистината.

Затоа уште еднаш апелирам – да престане злоупотребата на предметот онкологија во политички цели и за тоа барам поддршка од целата јавност. Директно се загрозува постапката и валидноста на доказите, на што укажа и претседателот на Основниот кривичен суд Скопје. Паралелна истрага е недозволива, со тоа се загрозува истражниот процес и се дава можност на одбраната во суд да ни ги оспорува доказите.

Ако навистина се сака да се дојде до вистина и до одговорност, како што тврдите во секое обраќање, тогаш застанете зад самостојноста на јавното обвинителство и на јавните обвинители кои постапуваат во предметот. Чув дека има нови документи и докази, па ве повикувам, во Обвинителството да ги доставите сите докази за кои по собраниски, партиски и други јавни настапи тврдите дека сте ги дознале или ви ги откриле некакви свиркачи. Секој чесен граѓанин треба доказите да не ги чува, да не се фали дека ги поседува, туку веднаш да ги даде на надлежните органи. Да не дозволиме да се компромитира постапката за политички поени. Обезбедете материјални и кадровски услови за непречена работа на обвинителството. И најважно, изменете ги законите со што ќе ги заштитите граѓаните од вакви појави во иднина. Ќе си дозволам само да кажам, исказот пред вас и солзите на актуелната директорка на Онкологија многу кажуваат за проблемите со кои е соочена Клиниката. Затоа итно заложете се да се обезбеди терапија за сите пациенти од оваа тешка болест.

И уште еднаш нагласувам – и јас сум за утврдување на одговорност, но не смее да се компромитира обвинителската постапка. Затоа според Законот додека трае предистрагата, детали не може да се изнесуваат.

Свесен за очекувањата на јавноста, за болката и траумите што овој случај ги предизвикува кај многу пациенти и нивни блиски, со цел да не ја нарушам постапката која веќе влегува во клучна фаза, на вашите прашања во врска со детали од истражувањето и постапувањето денеска имам само еден одговор –

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ МЕНУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА СТАРА НАД 40 ГОДИНИ ВО БИТОЛА

19/10/2026
Македонија

КРАЖБА ВО ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА Вработена му дала клуч на 42-годишник,

19/10/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИ СОФИЈА ЗА ДИПЛОМАТСКИ МЕРКИ Изјавите за Ива

19/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО, БИЛ ОБВИНЕТ ЗА

19/10/2026
Економија

Ќе плаќате ли поскапо гориво? Дизелот поскапува, бензинот поевтинува во

19/10/2026
Македонија

СДСМ СИ ПРАВИ ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА Според

19/10/2026
Македонија

📽️ ВОЗЕЛ МОТОР НА „ЕДНО“ И СЕ СНИМАЛ, НО ВИДЕОТО

19/10/2026
Македонија

dm СО ПРИЗНАНИЕ НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Ја потврди лидерската позиција

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46262
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ МЕНУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА СТАРА НАД 40 ГОДИНИ ВО БИТОЛА Почна реконструкцијата на улицата Димитар

19/10/2026

Водоводната мрежа стара повеќе од 40 години на улицата Димитар Тодоровски во Битола ќе биде целосно заменета со нова. ЈКП

КРАЖБА ВО ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА Вработена му дала клуч на 42-годишник, исчезнал пиштол

19/10/2026

Вработена во Општата болница во Дебар му го дала клучот од влезната врата на 42-годишен сограѓанин, по што тој и

СКОПЈЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИ СОФИЈА ЗА ДИПЛОМАТСКИ МЕРКИ Изјавите за Ива Михајлова се провокација и мешање

19/10/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) денеска повикало претставник на Амбасадата на Бугарија во Скопје, изразувајќи незадоволство од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy