Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јовески: Обвинителството не беше консултирано за измените во КЗ, ќе се обидеме да спасиме од застарување дел од предметите
Македонија

Јовески: Обвинителството не беше консултирано за измените во КЗ, ќе се обидеме да спасиме од застарување дел од предметите

27/09/2023

AA

Владата во постапката за донесување закони, а исто така и Собранието не ги достави измените на Кривичниот закон до надлежните институции. Веројатно сметале на итноста на донесувањето на законот, тоа што тој е донесен во скратена постапка и со европско знаменце, изјави државниот обвинител Љубомир Јовески.

Според него, некој во политиката проценил дека е потребно итно донесување на тој закон, а во однос на прашањето колку предмети ќе застарат, Јовески рече дека обвинителството ќе се обиде да спаси дел од предметите.

– Обвинителството кон овие предмети ќе се однесува така што она што ќе може да се спасува, да се спаси, ако има основи, и ако има докази за изрекување на конфискација, бидете уверени дека тој дел обвинителите ќе бараат имотот да биде конфискуван, рече тој.

Во изјави за медиуми по денешната седница на Советот на јавните обвинители Јовески рече дека нема да застарат многу предмети, а кај определени предмети, како што рече, веројатно ќе се појави проблемот на преквалификација на кривичното дело од еден став во друг.

Тој посочи дека за обвинителите не е сеедно што предметите за кој вложиле огромен труд се исправени пред застарување.

– Се разбира, како обвинител непријатно е чувството вие да работите повеќе години во еден предмет бидејќи определени предмети се навистина сложени и за нив се обезбедувани докази и со меѓународна правна помош, во определени предмети е вложена голема енергија од страна на обвинителите и сега тие предмети и тие дејствија треба да се преквалифкуваат како полесни кривични дела, рече Јовески.

Во однос на самите измени, Јовески рече дека биле донесени во Собранието во законита процедура и дека должност на Обвинителството и другите правосудни институции е да ги почитуваат.

Државниот обвинител рече дека не може да се прави проценка како измените на КЗ ќе влијаат на сите предмети бидејќи, како што посочи, секој предмет е посебен. Но, нагласи дека нивната примена најмногу е изразена во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Основното јавно обвинителство Скопје.

– Не може да се групираат предметите. Секој предмет е посебен и оние предмети што се во работа и уште во почетна фаза јавните обвинители ги проучуваат и доколку за одредени прашања во делот на примената на овие законски одредби наидат на тешкотии за тоа го информираат раководителот на Обвинителството. Доколку не може да се изнајде соодветно решение во рамките на Обвинителството, се известува повисокото Јавно обвинителство. И примената на Законот кај овие предмети е најизразена е во Основното јавно обвинителство за гонење организирана криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Основното јавно обвинителство во Скопје, изјави тој.

Собранието со европско знаменце и во забрзана постапка на почетокот на месецов ги помина измените на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција, а претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45863
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ, ОТКАКО ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ГИ ПРОДАДЕ

29/09/2026

Поранешната влада сама прифати услов за промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции во евроинтеграциите, вели премиерот

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН

29/09/2026

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy