Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Оваа европска земја го зголемува данокот на соковите
Македонија

Оваа европска земја го зголемува данокот на соковите

09/04/2024

AA

Словачката влада размислува за данок на засладените безалкохолни пијалоци и би можела да ги зголеми даноците за тутунските производи како дел од пакетот за буџетска консолидација од 1,4 милијарди евра за 2025 година, изјави во понеделникот премиерот Роберт Фицо.

Буџетскиот дефицит на Словачка оваа година би требало да надмине шест отсто од БДП и да биде најголем во еврозоната поради значително повисоките државни трошоци. Владата им помага на граѓаните со високите сметки за енергија и ги зголеми пензиите, објаснува Ројтерс.

Целта е да се заштити економијата и животниот стандард на 5,4 милиони граѓани, според ветувањето на новата влада која стапи на функција на крајот на минатата година. Буџетските планови за следната година сигнализираат, сепак, забрзано темпо на намалување на дефицитот во буџетот.

Министерот за финансии Ладислав Каменцки рече дека во 2025 година ќе ги зголемат даноците и ќе ги намалат трошоците еднакви на еден процент од БДП, двојно повеќе од првично планираното, со цел да го спуштат дефицитот под три проценти од БДП, горната граница во ЕУ. Вредноста на дополнителните заштеди и зголемениот приход во 2026 година ќе достигне 1,5 милијарди евра, рече Каменцки.

Даноците на засладените пијалоци и тутунските производи ќе изнесуваат околу 100 милиони евра следната година и 243 милиони евра во 2026 година.

Премиерот Фицо истакна дека е против зголемување на и онака високата стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) и додаде дека владејачката коалиција меѓу другото ќе разговара и за намалување на бројот на работни места во државниот сектор.

Словачка мора да го земе предвид и јавниот долг, кој, изразен како удел во БДП, годинава треба да порасне на 59,3 отсто од БДП, според проценките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), од минатогодишните 57,9 отсто. Во наредните години треба да ја надмине границата на ЕУ од 60 проценти.

На почетокот на декември, агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Словачка за еден степен, на „А-“, со стабилна перспектива, поради влошувањето на состојбата со јавните финансии и нејасниот пат на консолидација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy